27 Април, 2024
0.0276

Имаме ли стабилна средна класа во Македонија или таа се „топи“?

Објавено во: Економија 03 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Граѓаните сметаат дека средна класа скоро и да нема во земјата, туку по социјален статус има само богата и ниска класа.

Во ниската класа ги ставаат мнозинството граѓани кои живеат од плата до плата. Според нив работниците и земјоделците припаѓаат на ниската класа бидејќи се со ниски примања. Постарите со носталгија се сеќаваат на бивша Југославија кога според нив имало средна класа.

„Има само сиромашни и богати откако се распадна Југославија. Во тоа време имаше средна класа. Јас работев во „Киро Фетак“, ќе земевме к-15 и одевме на одмор, имаше за живот, а сега е страшно, не може човек дрва за огрев да купи“ – вели Гордица Младеновска, граѓанин.

Проблемот што нема средна класа граѓаните го лоцираат кај политичарите.

„Најмалку 20.000 денари треба да има приход  некој за да биде во средна класа. Работничката класа и земјоделите се најпогодени. Нема никаква сигурност за младите“ – додава Видан Антевски, граѓанин.

Билјана Дуковска, претседателка на Македонската платформа против сиромаштија вели дека според интерни податоци од интервјуа кои ги има работено МППС, на прашањето колку пари ви се потребни за достоинствен живот, висината која граѓаните ја споменуваат е во распонот меѓу 35 000 и 60 000 денари, секогаш напоменувајќи дека не зборуваат за луксузен, туку за пристоен живот.

„Потребите на граѓаните се блиску и до последниот податок кој го пласирал Созјузот на синдикати за висината на синдикалната минимална кошничка за месец февруари 2018 и која изнесува 32 383 денари, а во која се опфатени само основните потреби. По своето значење, живот во средната класа покрај целосно задоволување на егзистенционалните потреби, значи и да се живее и без финансиски потешкотии, да се има за квалитетна храна, за годишни одмори, автомобил, итн. Оттука, со сигурност можам да тврдам дека нашата средна класа ја сочинува многу мал дел од вкупното население и дека таа лесно се претопува во сиромашна. Во средна класа остануваат семејствата (двајца родители и две малолетни деца) кои и поседуваат сопствено живеалиште и имаат најмалку две просечни плати, или една плата и други приходи, кажано генерализирано. Секако разликата е многу голема во зависност од типот и бројноста на семејствто, неговата економска активност, територијата на која живеат, итн“- вели Дуковска.

Таа не може точно да лоцира една причина која најмногу придонесува до топење на средната класа, туку сето она што наназад ни се случува, економска несигурност, неквалитетен економски развој, неправедна финансиска распределба, лоша социјална и здравствена заштита, политички превирања, имаат удел во осиромашувањето на населението.

„Не смее да се испушти дека секој поголем социјален ризик, губење на работа, нарушено здравје, неочекуван материјален издаток, директно може да влијае врз постоечките семејни финансии и семејството лесно да се осиромаши, доколку не постојат механизми и услуги за поддршка кои граѓаните би ги искористувале во ранливиот период. За жал, тоа е состојбата која им се случува на нашите граѓани веќе подолг период и директно го поддржува пропаѓањето на средната класа“- додава Дуковска.

Дуковска своите ставови ги темели на податоците на Државниот завод за статистика и според нив просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2018 година, изнесувала 23.158 денари. Исто така, според податоците од нивната „Структура на вработените според висината на нето-платата“ во 2017 година 69,64% од вкупниот број на вработени имале месечна нето плата пониска од 24.000 денари, 20,94% имале плата меѓу 24.000 и 35.000 денари, а 9.41% над 35.000 денари.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност