Имигранти предизвикаа немири на словенечко-австриската граница
Објавено во: Балкан 21 Октомври, 2015 10:29
На границата помеѓу Словенија и Австрија доцна синоќа дојде до сериозни немири.
Над 4.500 мигранти се натрупале одеднаш крај граничниот премин Шпилфелд. Тие пристигнале без претходни информации и ја собориле оградата на границата и преминале на австриска територија, соопшти локалниот сајт „кроне.ат“. Мигрантите почнале да скандираат дека се гладни и да се бунтуваат, но австриската полиција успеала да ја совлада ситуацијата и ја започнала нивната регистрација.
Словенечкиот премиер Миро Церар, објави дека Словенија има добиено ветување од ЕУ дека Брисел ќе ги заштити шенгенските граници на земјата. Властите во Љубљана очекуваат да добијат полициска опрема, вклучувајќи и финансиска помош. Церар зборувал во парламентот во Љубљана за време на дебатите за зголемување на овластувањата на армијата при обезбедувањето на границите. Армијата ќе добие речиси исти овластувања како оние на полицијата во обезбедувањето на границата. Денес се очекува словенечкиот министер за внатрешни работи, Весна Гиеркеш Жнидар да упати и официјално барање за помош до ЕУ.
Од вчера на полноќ до 21.00 часот синоќа во Хрватска пристигнаа од Србија уште 6373 мигранти. Од почетокот на миграционата криза на 16-ти септември во Хрватска пристигнале 207 941 лица.
Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ ја обвини Унгарија дека само се преправа дека го брани христијанството откако во нивна територија мигрантите минуваат само транзит. „Кога гледам дека и Словенците почнуваат да градат ѕид по моделот на Унгарците можам да кажам само едно - ние ќе се издигнеме ѕид побрзо од нив“, изјавил Милановиќ за телевизијата „Јбуца“. Според хрватскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ранко Остоич исправањето на ѕидови е бесмислено, бидејќи „ниту една ограда и ниту една војска не го сопре приливот на мигранти“.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




