ИНЦИДЕНТИТЕ НЕ ЗАПИРААТ: Косовската полиција ранила Србин

Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2023
Уште еден инцидент се случи на Косово, каде полицијата рани Србин.
Канцеларијата на Владата на Србија за Косово денеска објави дека припадници на специјалната косовска полиција пукале во возило на мостот Бистрица на автопатот Митровица – Лепосавиќ, при што е повредено едно лице. Полицијата тврди дека лицето удрило во полициски пункт.
„Милјан Д. е ранет, додека неговиот совозач Душан С. за среќа побегнал без повреди, додека целиот автомобил бил изрешетан“, информира Канцеларијата, обвинувајќи ја косовската полиција за напад на Србија.
Од косовската полиција велат дека лицата не застанале да ги легитимираат. Викендот група Албанци истепале дете од српска националност во Митровица. Таткото на детето за српските медиуми кажа дека за нив нема живот и дека младите Албанци го тепале син му само затоа што е Србин.
На Бадник и Божиќ, исто Албанци нападнаа Срби.
Можеби ќе ве интересира
Четворица хрватски морепловци во притвор зошто овозможиле бегство на јахтата на Усманов

Албанската мафија инсталирала 39 тајни камери во Корча и Подградец за да ја следи полицијата

ЈАГМА ЗА ОВАА РАБОТА ВО СРБИЈА - заработуваат дури и повеќе од програмерите, а немаат фиксно работно време

ПУТИНОВИОТ ПРОПАГАНДИСТ ГО ФАЛИ МИЛАНОВИЌ - „Тоа не го кажува било кој, туку претседателот на Хрватска“

ДЕЛОВИ ОД ГРЦИЈА ПОД ВОДА: Службите спасуваа луѓе од лифтови и сечеа дрвја

Градоначалникот на Белград купил вила во Трст за 820 илјади евра - НЕ БИЛА ПРИЈАВЕНА

Дали Вучиќ ќе го потпише договорот за Косово или ќе има референдум?

ПОСВОИЈА ДЕВОЈЧЕ НА КОЕ МУ ПОЧИНА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО - хуманоста на Бранкица и Слободан го расплака регионот

Дипломатска офанзива: ЕУ бара од БиХ да воведе визни санкции за Русија
