ИНФЛАЦИЈА: Со платата не можат да купат ни килограм месо
Објавено во: Финансии 21 Август, 2018
Националната валута на Венецуела, боливарот, вреди толку малку, што ни со полна вреќа пари не може да се купи основното за едно семејство, а на тоа треба да се додаде и фактот дека рафтовите се празни, додека платите премногу ниски.
Со ниска плата не може да се купи ниту килограм месо.
Просечната плата во Венецуела е доволна да се купи еден килограм месо, а инфлацијата се ближи на неверојатни 1.000.000 проценти.
За едно пиле од 2,4 килограми, граѓаните на оваа земја сега мора да издвојат 14.600.000 боливари, или околу 2 долари. Килограм моркови чинат 3.000.000 боливари, пелени чинат 8.000.000 боливари, додека килограм сирење чини 7.500.000.
За некој што може да си дозволи просечно купување од продавница, тоа би можело да го чини 10 или 15 милиони боливари. Боливарот е девалвиран и скоро не вреди ништо.
Слично како Југославија во 1993. година, граѓаните на Венецуeла за само едно одење во продавница мора да потрошат милиони.
Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека инфлацијата во Венецуела годинава ќе достигне милиони проценти, а претседателот Николас Мадуро, најавува најголема економска реформа.