Инспектори го „чешлаат” досието на Карфур
Објавено во: Економија 09 Февруари, 2016 19:34
Откако милионскиот долг на „Карфур“ исплива на површина, а бизнисот предупреди на негативните ефекти, владата најави дека ќе се вклучи во решавање на проблемот.
Според проценките, “Карфур” им должи големи суми на доставувачите. Стопанската комора побара од Владата да го испита случајот. Повикани се и Управата за јавни приходи и Финансиската полиција, да го испитаат работењето на фирмата.
Управата за финансиска полиција отвори предистражна постапка за случајот 'Карфур', но со оглед дека се изминати само неколку дена од почетокот, сe уште не излегуваат со конкретни сознанија дали има елементи за сторено кривично дело.
Според проценките "Карфур" кој беше присутен на македонскиот пазар четири години им должи големи суми пари на добавувачите.
Гоем дел од најпогодените од повлекувањето на Карфур, како што се добавувачите од прехрамбената индустрија, млекари, произведувачи на месо и сувомеснати производи веќе покренале судска постапка за да си ги наплатат побарувањата.
Останатите се во тек на прибирање документација за покренување на судски спор преку кој се надеваат дека ќе ги наплатат парите кои им ги должи „Карфур“.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




