19 Јануари, 2025
0.0257

Инспекторите на УЈП настрадаа во Виница

Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Сопственикот на хотелот Шагал физички нападнал еден од двајцата  даночни контролори од Регионалната дирекција Скопје во обид да ги спречи во вршењето на службените должности, соопшти УЈП. Во текот на контролата, даночниците откриле дека сопственикот води интерни евиденции за остварениот промет. Додека траел увидот во документацијата, двајцата даночни контролори биле вербално навредувани, а во моментот кога ја откриле неправилноста во работењето, сопственикот на хотелот физички го нападнал даночниот контролор кој вршел увид во интерната документација и брутално му ја одзел, со што оневозможил увид во истата од страна на службените лица од УЈП. По инцидентот, случајот е пријавен во полициската станица Виница, а сопственикот на објектот е приведен. За сопственикот на хотелот, од страна на Управата за јавни приходи е поднесена кривична пријава, изречени се глоби за попречување на контрола во висина од 4.000 евра, за неиздавање на фискални сметки 3.250 евра, како и забрана за вршење на дејност во траење од 15 дена. Според податоците од терен, во контролите кои беа спроведени во Кочани и Виница утврдени се неправилности во работењето кај 10 објекти за кои исто така се изречени глоби во висина од 3.250 евра, како и забрани за вршење на дејност. Контролите се во тек и ќе продолжат во наредниот период, најавуваат од УЈП.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ