19 Мај, 2024
0.0404

Инспекторите во Македонија стануваат старци

Објавено во: Економија 30 Април, 2020

Добивај вести на Viber

На почетокот од оваа година имало вкупно 818 инспектори во 25 инспекциски служби, тврди резимето на Инспекцискиот совет, кој утврдил големо намалување на бројот на професионалци од оваа фела во последните две години поради пензионирање.

Вкупниот број на оние кои вршеле инспекциски надзор е намален за 156 инспектори за две години, односно за 16 отсто во државата. Во Државниот пазарен инспекторат се пензионирале дури 95 инспектори за две години. 

- Главните причини за тоа лежат во многу неповолната старосна структура на инспекторите во инспекциските служби и несоодветното планирање и управување со човечките ресурси. Неповолната старосна структура е особено изразена кај гоемите инспекциски служби, велат од Инспекцискиот совет.

Најголем број на инспектори пред пензионирање има во Државниот трудов инспекторат, каде што дури 32,1 отсто од надзорниците се постари од 60 години. Алармантна е и ситуацијата во здравствениот и санитарен инспеторат со 23,2 проценти „кандидати“ за новопечени пензионери, како и во инспекторатите за земјоделство и за просвета, кои имаат над 20 отсто инспектори постари од 60 години.

- Добро е што Владата не ги донесе најавените законски измени за пензионирање, барем засега, бидејќи така ќе изгубевме уште повеќе инспектори. Кај нас има многу од нив кој ја користат актуелната законска можност и не одат во пензија кога ќе наполнат 64, односно 62 години, а добро е тоа, бидејќи ни се потребни, велат за „Фактор“ инспектори кои сакаа да останат анонимни во оваа ситуација.

Порачуваат дека сепак инспекторатите интерно, како и државата, треба да посветат повеќе внимание на создавање на нови стручни кадри и да ја зацврстат повеќе релевантноста на овие институции. Власта на крајот од минатата година подготвуваше предлог-закон за укинување на можноста лицата по 64 односно 62 годишна возраст да имаат право да работат дополни две до три години. 

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?