09 Октомври, 2024
0.0245

ИНСПИРАТИВНА ИЗЛОЖБА НА СПОРТИСТКИ ВО СКОПЈЕ: Жените да станат светски фудбалски прваци

Објавено во: Стил 14 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Дваесет и пет фотографии од спортистки од разни спортови беа промовирани на изложбата на наградени фотографии од конкурсот за најинспиративна спортска фотографија, вчера во „Јавна соба“ во Скопје. Претходно, конкурсот го организираше невладината организација „Такт“, во рамките на проектот „Девојки како нас“.

„Очекувавме да пристигнат од 120 до 150 фотографии на конкурсот, а пристигнаа 600. Имавме тешка задача да ги избереме овие 25 од сите тие прекрасни девојки кои рекреативно или професионално се занимаваат со спорт. Ќе забележите дека сликите се во мал формат, но тоа е така затоа што сакавме да ги објавиме сите, и оние кои се сликани со телефон“, рече Магдалена Спасовска, извршен директор на „Такт“.