16 Мај, 2024
0.1845

ИНСПИРАЦИЈА ЗА ВАШ БИЗНИС: 10 најбрзо растечки бизниси во САД

Објавено во: Стил 24 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Inc.com објави листа на најбрзо растечки компании во САД. Со увидот во оваа листа покрај самите информации кои индустрии моментално се хит во оваа земја, може да најдете и инспирација за ваш бизнис во иднина.

  1. FedBiz IT Solutions

Компанија од Вирџинија која и помага на државната управа безбедно да ги складира податоците. Со приход од 25 милиони долари во 2015 госина, FedBiz IT Solutions забележал раст од 12,62 отсто.

  1. PANTHERx Specialty Pharmacy

Фирма од Питсбург специјализирана за пронаоѓање на лекови за пациенти со ретки болести. (Приходи 42,4 милиони, Раст од 2012: 13,38%)

  1. Los York

Ова продукциско студио од Санта Моника им помага на брендови како што е Тојота во медиумски кампањи. (Приходи: 15,6 милиони, Раст од 2012: 14,4%)

  1. Bounce Exchange

Фирма од Њујорк им помага на сајтовите да остварат подобра интеракција со корисниците. (Приходи: 15,7 милиони, Раст од 2012.: 14,57%)

  1. Globalization Partners

Оваа HR компанија им помага на компаниите така што им наоѓа вработени ширум светот. (Приходи: 17,7 милиони, Раст од 2012: 16,2%)

  1. Company.com

Оваа фирма работи од Атланта, а претставува социјална мрежа и ресурс за мали бизниси. (Приходи: 33 милиони, Раст од 2012:  23,48%)

  1. eLuxurySupply.com

Фирма во Индијана која се занимава со интернет продажба на домашна и градинарска опрема. (Приходи: 30,6 милиони, Раст од 2012: 23,61%)

  1. CalCom Solar

Оваа фирма им помага на земјоделците на своите имоти да имплементираат соларна енергија. (Приходи: 33,5 милиони, Раст од 2012:  31,63%)

  1. Paint Nite

Фирмата соработува со 250 сопственици на барови и ноќни клубови во кои барем еднаш месечно се организира „школо на сликање“. (Приходи: 55 милиони, Раст од 2012 35,55%)

  1. Loot Crate

Оваа фирма од Лос Анџелес имала во 2015 година приходи од 116 милиони долари, а раст од 2012 е неверојатни 66 отсто. Тие имаат 650 претплатници во 35 земји во светот на кои секој месец им праќаат подарок кутија со колекционерски примероци кои одат од стрипови до реплики на реквизити од познати филмови.