03 Мај, 2024
0.0255

Институтот за стандардизација стравува дека нема да има пари за членување во ISO

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Институтот за стандардизација на Македонија во годишната програма за 2019 стравува дека нема да има пари за членување во меѓународните тела, како што е ISO, каде што се носат светските стандарди, и упати повик да бидат осигурени овие средства од државниот буџет бидејќи постои ризик да биде исфрлен од нив.

„Немање доволно финаниски средства за плаќање на членарината за меѓународните и европските тела за стандардизација може да доведе до исклучување на ИСРМ од овие тела, иако ИСРМ овие средства ги предвиде во Буџетот за 2019 год“, се вели во делот каде што се потенцираат можните ризици.

Македонската стандардизација се претставува со членството во меѓународните организации за стандардизација ISO и IEC и европските организации за стандардизација CEN, CENELEC.  Особено е значајно учеството во првото меѓународно тело, познато по своите стандарди ISO 9000 и ИСО 9001 со кои се зголемува конкурентноста на претпријатијата кои ќе ги применат.

ИСРМ, кој дава насоки за стандардизирање на квалитетното работење во градежништвото, претпријатијата, извозот, локалната самоуправа, животната средина и други области, вели дека потребно е сите членарини годинава да бидат обезбедени од Буџетот на РМ. Покрај меѓународните, Институтот подготвува, усвојува и објавува македонски стандарди. За извршување на овие работи и задачи ИСРМ треба да добие дополнителни наменски средства непосредно од министерствата со кои ќе склучи соодветен договор. 

Буџетот за оваа година на ова тело со 23 вработени изнесува 350.000 евра, пополнет меѓудругото и од донации и од наплата на членарини и услуги. Не е експлицитно наведено колку треба да се плати за учеството во меѓународните тела, а единствено се знае дека половина се за плати на вработени, околу 45 отсто  се наменети за стоки и услуги и 6 отсто за преведувачи.

Усвојување национални македонски и усвојување на меѓународни и европски стандарди и стандардизациски документи како македонски и повлекување на нефункционани и неприменливи македонски стандарди е дел од работата на Институтот.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски