20 Декември, 2025
0.0429

Интел и Микрон произведоа револуционерна технологија за мемории

Објавено во: Мои пари 29 Јули, 2015 11:19

Добивај вести на Viber

Интел Корпорацијата и Микрон Технологија, денес ја претставија 3D Xpoint™ технологијата, меморија која има потенцијал да го револуционизира секој уред, апликација или услуга чиј бенефит е брз пристап до големи збирки на податоци. Отсега во производство, 3D Xpoint™технологијата е голем чекор напред во технологијата за процесирачки мемории и првата нова категорија кај мемориите од претставувањето на NAND флеш во 1989 година.

Експлозијата на поврзани уреди и дигитални услуги генерираголеми количини нови податоци. За да се направат овие податоци корисни, мора да се чуваат и анализираат многу брзо, создавајќи предизвици кај оние што ги нудат овие услуги и кај склопувачите на машини кои мораат да ги балансираат трошоците, моќта и перформансите кога дизајнираат вакви решенија. 3D Xpoint™ технологијата ги комбинира перформансите, густината, силата, стабилноста и трошоците кои се предност кај денешните достапни мемории на пазарот. Оваа технологија е до 1000 пати побрза и има над 1000 пати поголема издржливост од NAND, дополнително таа е 10 пати погуста од конвенционалната меморија.

3D XPoint Wafer Close-Up

„Со децении, индустријата бараше начини за намалување на времето на застој помеѓу процесорот и податоците, за да се овозможи побрза анализа“, кажа Роб Крук, постар заменик претседател и генерален менаџер на Intel Non-Volatile Memory Solutions Group. „Оваа нова класа на мемории ја постигнува оваа цел и внесува големи промени во перформансите на мемории и уреди за складирање на податоци.“

“Една од најзначајните пречки кај модерните компјутери е времето потребно на процесорот за да стигне до податоците кои долгорочно се чуваат,“ вели Марк Адамс, претседател на Микрон.

“Оваа нова класа на меморија е револуционерна технологија која овозможува брз пристап до огромни складишта на податоци и овозможува целосно нови апликации.“

Со брзиот растеж на дигиталниот свет, од 4.4 зетабајти податоци креирани во 2013 до очекувани 44 зетабајти до 2020 - 3D Xpoint™ технологијата може да ја претвори оваа огромна количина на податоци во корисни информации за неколку наносекунди. На пример, трговците на мало можат да ја користат 3D Xpoint™ технологијата за побрзо да ги идентификуваат измамите кај финансиските трансакции; Здравствените истражувачи можат да обработат и анализираат поголеми сетови на податоци во реално време, со забрзано решавање на сложени задачи како што се генетската анализа и следење на болеста.

Придобивките кај перформанси на 3D Xpoint™ технологијата исто така, може да го подобри искуството со секој компјутер, дозволувајќи им на корисниците да уживаат во интерактивни социјали медиуми и соработки, како и извонредни искуства кај видео игрите. Природата на оваа технологија ја прави и одличен избор за различни апликации заради малиот застој, бидејќи податоците не се бришат кога уредот е исклучен.

Нов рецепт, архитектура за револуционерна мемориска технологија

По повеќе од една деценија истражување и развој, 3D Xpoint™ технологијата е изградена за да одговори на потребата за високи перформанси, висока издржливост, висок капацитет за складирање и прифатлива цена.

Новата класа на мемории значително го намалува доцнењето, овозможувајќи многу повеќе податоци да се чуваат блиску до процесорот и до нив да се доаѓа со брзини претходно невозможни.

Иновативната архитектура создава табла во три димензии кај која ќелиите се наоѓаат на пресекот помеѓу зборовите и битовите, што им овозможува да бидат пребарувани секоја одделно. Како резултат на ова, податоците можат да бидат напишани и прочитани брзо и ефикасно.

Онлајн линкови:

Интел

Микрон

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии