17 Мај, 2024
0.0265

Интернационална обука за подобрување на работните вештини кај младите

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Подобрување на работните вештини, стекнување на интернационални искуства и подобрување на конкурентноста на работната сила на интернационалните пазари, се главните цели на обуката што се одржа во Скопје. На обуката присуствуваа претставници од Македонија, Бугарија, Албанија, Франција, Словачка, Чешка, Литванија и Австрија.

Волонтирањето како можност за стекнување работно искуство и вештини беше главниот фокус на обуката, што редовно ја спроведува Националната агенција за европско образование и мобилност и истата е поврзана со имплементацијата на проекти на Европски волонтерски сервис – ЕВС.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на караванот „Еразмус плус“, кој е во тек, организира низа активности, обуки, семинари и работилници во насока на јакнење на знаењата и вештините и имплементирање нови образовни техники и методи за младите.

Подигнувањето на квалитетот на работната сила, особено на младите во Македонија е основа за економски и општествен развој. Нашите цели се токму во насока на обезбедување можности за стекнување вештини и знаења кои кореспондираат со високите критериуми на глобалниот пазар“,изјави Дарко Димитров, директор на Националната агенција за европско образование и мобилност.

Во тек е и новиот конкурс за апцилирање за програмите што ги нуди Еразмус плус, за чија реализација Европската комисија стави на располагање 4,7 милиони евра. Конкурсот е објавен на интернет страницата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Сите волонтери кои земаа учество на обуката се вклучени во проекти финансирани преку програмата ,,Млади во акција“ и ,,Еразмус +“. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во наредниот период ќе продолжи со спроведување ваков тип обуки за волонтери кои ќе бидат дел од проекти финансирани преку програмата ,,Еразмус +“.

Можеби ќе ве интересира

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени