27 Јули, 2024
0.0351

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Отворен настан во Градски Парк за децата, младите, родителите и за сите што сакаат да се спротивстават на врсничкото насилство в сабота (18 мај) ќе се одржи во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Со почеток од 11 часот, на зеленилото популарно познато како „Вембли“ (до езерцето спроти стадионот), позитивната енергија ќе биде одговор на горливиот проблем со булингот.

Диџеј Боно, Сашко Коцев, „Биби и Боби“, Лозано, Пајак, Весна Петрушевска со децата од нејзината актерска школа, како и други гости, ќе бидат дел од програмата на оваа забавна дружбашто е дел од кампањата „Крени глас против врсничко насилство“. Најмладите, исто така, ќе можат да уживаат и во низа интерактивни содржини и популарни игри.

- Пресреќни сме што во текот на оваа наша општествено одговорна активност добивме толку многу поддржувачи. Почнувајќи од децата и младите, од кои добивме впечаток дека им е навистина мило што, конечно, така отворено и толку гласно, се зборува за проблем со којшто тие секојдневно се соочуваат. Секако, тука се и општините, кои ја препознаа вредноста на нашата идеја и активно се вклучија во обезбедувањето услови за учениците да се здобијат со знаења за булингот. Наставниците, стручните служби, како и родителите, исто така, застанаа зад кампањата и помогнаа фокусот на јавноста да се сврти кон врсничкото насилство. За да се реши проблемот со булингот потребна е уште работа и посветеност, но веруваме дека и со позитивната енергија од нашиот настан, ќе придонесеме да се придвижиме во вистинска насока - вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управен одбор и директор во „Макпетрол“.

На „Крени глас против врсничко насилство“ досега се приклучија 24 општини. Претходните месеци, од почетокот на 2024, Берово, Свети Николе, Ново Село, Струга, Кавадарци, Валандово, Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево станаа дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Во 2023 година, пак, компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров.

За сите 24 општини „Макпетрол“ обезбеди едукативни материјали и работилници предводени од психолог со долгогодишно искуство со проблемот со булингот. Десетици училишта со неколку илјади ученици беа дел од овие образовни средби, а во останатите истите се во тек. Физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството се најчестите форми на булинг, а токму со нив децата и младите се запознаваат во текот на едукативните средби.

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ ќе биде активна и во следниот период. Сите објавени комуникациски материјали, како едукативни спотови, епизоди од анимираната серија „Биби и Боби“, брошури наменети за деца, родители и за наставници и понатаму ќе бидат достапни на социјалните мрежи, како и на вебсајтот kreniglas.mk. На оваа платформа и натаму, секој што имал некакво искуство со булингот, ќе има простор анонимно да ја сподели личната приказна. Дополнително, преку интерактивни тестови, сите можат да препознаат дали биле сторители, жртви или набљудувачи на врсничкото насилство.

Стратешкиот приоритет за општествена одговорност „Макпетрол“ го исполнува со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“. Изминативе години, компанијата се јавува како иницијатор или учесник во активности за поддршка на заедницата. Централен интерес на кампањата „Стоп за булинг“ се младите, односно преку неа се создава поткрепа во соочувањето со проблемот со врсничкото насилство. Значаен дел од општествено одговорните активности „Макпетрол“ и во иднина ќе биде креирањето услови за развој и реализација на потенцијалите на младите генерации.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје