Интернет супермаркетите во Македонија затрупани со нарачки до април

Објавено во: Економија 24 Март, 2020
Интернет супермаркетите во Македонија се оптоварени со онлајн-нарачки со вонредната состојба што ја погоди и нашата земја и превентивните здравствени мерки кои имаат влијание како на начинот на купување, така и на самата хипер-побарувачка за одредени производи. Доколку нарачата сега достава до вашиот дом, производите најверојатно ќе ви пристигнат дури пред или на почетокот на април.
Paket.mk е интернет супермаркет кој овозможува избор на повеќе од 4.000 намирници достапни за достава. Сервисот е едноставен за користење, но во овој момент велат од таму дека побарувачката е зголемена за седум до осум пати повеќе и дека последните што нарачале ќе ги чекаат своите производи до следниот понеделник.
- Во овој момент потребен ни е десет пати поголем капацитет за да можеме веднаш да ги услужиме купувачите без да чекаат толку време. Инаку, до сега стандардно клиентите беа ценовно сензитивни со брз начин на живеење. Но во последно време имаме многу нови купувачи, а и самиот обем на она што се купува во една нарачка е зголемен и се купува речиси се што нудиме, вели Драган Јосифовски, управителот на Paket.mk.
E-commerce проектот на Paket.mk трае две години, а Јосифовски вели дека добро нешто што може да се извлече од актуелната ситуација со кризата е тоа што ги натерала потенцијалните купувачи да научат дека може да се купува и преку интернет.
- Во овој период нарачките се смирија до извесен степен, за разлика од изминатите недели кога наголемо се трупаа залихи. И покрај тоа, ние го шириме нашиот капацитет. Имаме 20 работници, а во моментов бараме дополнителна работна сила. Работиме 24 часа во три смени, а доставата барем до сега беше од 10 до 22 часот. Сега работите се сменија со новите мерки и ние чекаме да видиме што ќе ни се дозволи, а што не, дополнува Јосифовски.
Подружницата e-tinex.mk на Тинекс-МТ овозможува купување на голем дел од асортиманот на производи кои се наоѓаат во самите маркети преку електронски пат за сметка од најмалку 300 денари. И од таму за „Фактор“ велат дека оние што нарачувале во текот на вчерашниот ден ќе треба да ја чекаат доставата до 1 или 2 април, бидејќи се зафатени сите слотови.
- Ги прошируваме капацитетите и потребни ни се дополнителни работни ресурси. Во моментов работиме со 17 луѓе кои пакуваат и превезуваат. Со новите мерки на превентивна заштита тоа е и очекувано, исто како што ќе го воведеме работењето „order and collect“ за што треба да се дојде само до касата, ни изјави Никола Димитровски, одговорното лице на подружницата
Тој т6врди дека нарачката во последниот период е зголемена за три пати повеќе, а структурата на клиенти е од помлади до повозрасни со доста нови учесници.
- Најмногу се купува конзервирана храна, брашно, шеќер, млеко, вода и тоа главно се во пакети. Млеко и вода се купува 150 парчиња одеднаш. Се купува многу и тоалетна хартија - по 20 парчиња. Се купуваат по 20 паштети одеднаш, три пати повеќе грав и три пати повеќе пченка, сублимира Димитровски.
Александар Кузмановски
Можеби ќе ве интересира
Петрова: Споредбено со јануари и февруари минатата година имаме нешто подобра наплата кај сите даноци

„МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ДРЖИ ДО ГЕРМАНИЈА, 50 ПРОЦЕНТИ ОД НАШИОТ ИЗВОЗ Е ТАМУ“: Членот на советот на НБРМ Наумоски, во „Бизнис муабети“ вели дека имаме пари

Мицкоски: Историски успех со странски директни инвестиции во последниот квартал од 2024

Десет фантомски фирми фиктивно добиле 65 милиони евра поврат на ДДВ

ОД „АЛКАЛОИД“ СТИГНА ВЕСТА ШТО СИТЕ ЈА ОЧЕКУВАА - нето дивиденда од 567 денари по акција, зголемувањето е за 16,67 проценти, инвеститорите среќни, а ќе има и за инвестиции

Државната лотарија од новата „монополска“ онлајн платформа за обложување годинава ќе собере 36 милиони евра

ЧИСТИТЕ ОВОШНИ СОКОВИ ДОНЕСОА ЧИСТА ДОБИВКА ОД САМО 25 ИЛЈАДИ ЕВРА - како се „стопи“ ланскиот профит на „Фруктал Мак“

УНИБАНКА СО ДОБРИ ВЕСТИ! Расте кредитирањето, зголемена добивката, задоволни вработени

ЕВЕ ЗОШТО ЛУЃЕТО БЕГАТ ОД ГЕРМАНИЈА: Гастарбајтер наведува 5 причини, една е навистина лоша - „кога ќе влезете во тој круг, нема излез“
