19 Јануари, 2025
0.0236

Интернет тргувањето на финансиските пазари станува се поатрактивно за Македонците!

Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Интернет тргувањето на глобалните финансиски пазари станува се поатрактивно и за Македонците. Според податоците на FX Lider платформата за тргување, 63 проценти од Македонците се приклучени на интернет, од нив 1,3 отсто се одлучиле за он лајн инвестиции. Од FX Lider објаснуваат дека овој начин на инвестирање овозможува директен пристап до секој кој има интернет конекција и слободни финансиски средства. - На нашите клиенти им нудиме он лајн можности за тргување во сите работни денови во неделата. На секој кој сака да инвестира на глобалните финансиски пазари ние тоа му го овозможување со поволни платформи за тргување и при тоа да остварат значаен профит при тргувањето. Имаме посебна платформа преку која клиентите можат да тргуваат и директно да се поврзани на глобалните финансиски пазари. Преку таа платформа се гледа точно што се случува на пазарот, во секоја минута. Ова е револуционерен продукт кој им овозможува на сите наши клиенти да тргуваат директно на платформа, значи можат сами да тргуваат и да го следат тргувањето. На пример во минатото секој од клиентите кој сакаше да тргува на светските берзи мораше да изнајми брокер, да му ги даде нему парите и да му каже со што да тргува, потоа да оди кај брокерот и да ја провери неговата состојба за да види дали има профит или загуба. А на овој начин многу едноставно и лесно инвеститорот сам си ги гледа своите пари, гледа  како се тргува, дали е во добивка или во загуба , што да направи и секако тука мора да ја споменам и нашата поддршка која секој пат ја нудиме,  а која брокерите не можат да ја понудат, изјави генералниот менаџер на FX Lider Зееви Голдмен, на прес конференција во Скопје. FX Lider е дел од интернационалната Leader Group која овозможува алатки и сервиси за различни он лајн финансиски инструменти. Седиштето е во Белград од акде што се покрива целиот регион, но присутна е и во Турција, Кина, Азербеџан и Израел. Во Македонија и во регионот се присутни три години. Досега имаат одржано 4 семинари, а следува и петтиот. Од досегашното искуство на македонски терен, велат дека интересот кај Македонците за овој начин на инвестирање се зголемува, што пак за FX Lider значи дополнителен мотив да вложуваат во едукација на македонските клиенти и да ја зголемат нивната активност на глобалните финансиски пазари. Следниот месец FX Lider ќе ја промовира новата програма на тема “Како да заработите на глобалните финансиски пазари - Стратегии за тргување”. „Во 3- годишното постоење успевме да придобиме стотици активни клиенти и секој месец се зголемува бројот, оти нашите експерти кои работат на македонските пазар се трудат се повеќе македонскиот народ да се прилучи во ова тргување. Ние ги понудивме нашите сервиси на македонските клиенти.  FX Lider прави огромни напори за Македонија, за поголема едукација на македонските клиенти за тоа како да тргуваат на глобалните пазари. Ние сме свесни дека за еден ден не може да се стане добар тргувач на берзата . Се трудиме на македонците да им помогнеме да станат дел од глобалниот финансиски пазар, и  со помош на нашите услуги да пристапат до него бидејќи досега ја немаа таа можност“, објаснува генералниот менаџер Голдмен. Златото и нафтата најатрактивни за тргување Како најатрактивни финансиски производи за тргување на глобалните пазари од FX Lider ги посочуваат златото, нафтата, среброто и дел од берзанските индекси. Тргувањето со валути, пак се смета за најсигурно. Со помош на експертите од FX Lider кој се обучени да изработат добра стратегија за тргување и мерки за справување со ризик, заинтересираните клиенти би можеле да остварат добар приход. Сепак како што посочува генералниот менаџер Голдмен , треба да се има во предвид дека секој бизнис носи ризик но и дека збогатувањето не може да биде преку ноќ. „Тука се остварува голем профит, но има и негативни случаеви кога луѓето губат пари оти глобалниот финансиски пазар е пазар каде што се тргува со висок ризик. Ако ја погледнеме њујоршката берза, таму просечна заработка е 13 % проценти годишно. Ние ова на нашите клиенти им го овозможуваме со можност да остварат и поголем профит од њујоршката берза од 20 до 50 проценти годишно во  зависност од ризикот кој сакате да го превземете, се тоа  со добра стртегија за тргување и со соодветни мерки за преземање на ризикот. Не сакаме да креираме илузија  дека луѓето можат да се збогатат преку ноќ, на глобалните финансиски пазари не може да се збогатите за еден ден. Но секој инвеститор со добра стратегија за тргување и напорна работа може да оствари добар профит на годишно и месечно ниво“, објаснува Голдмен. Предноста на FX Lider во однос на обичните инвестициски фондови, е тоа што во FX Lider инвеститорот е сам свој газда, сам тргува,  ги гледа парите  и одлучува со што ќе тргува, а за сето тоа добива и помош од експретите на  FX Lider. Клиентот може кога сака да ги повлече парите, трошоците се помали бидејќи нема провизии, туку  само трошоци за извршување. За инвестициските фондови трошоците се поголеми и секако вложувањето не може да помине со неколку илјади евра, што не е случај со  тргувањето преку FX Lider. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ