17 Мај, 2024
0.0307

Интернетот каков што го познаваме, ќе се смени засекогаш: ЕП го усвои контроверзниот Член 13 за авторски права

Објавено во: Свет 27 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Европскиот парламент усвои реформи на законот за авторски права на интернет, кои претходно предизвикаа големи дебати.

Со новиот закон е предвидено компании како Јутјуб и Фејсбук да преземат одговорност за материјал со заштитени авторски права поставени на нивните странции.

Јутјуб, Фејсбук и слични страници мора да постават филтри за да се осигура дека материјалот кој се објавува не е спорен поради авторски права.

Во пракса, луѓето веќе нема да може на интернет да користат содржина без дозвола на сопственикот на авторските права, дури и ако се работи за анимиран гиф или „мемо“.

Оваа реформа би можела да ги присили интернет компаниите да забранат прикажување на линкови како што се прави тоа денес. 

Би можел да се промени и засекогаш Интернетот каков што во Европа го познаваме.

Резулуцијата е усвоена со 348 гласа за и 274 гласа против.

Најконтроверзниот дел од регулативата е Член 13. кој ги присилува компаниите кои објавуваат содржина на интернет да ја прегледаат содржината која им е аплаудирана за случај да не се работи за кршење на авторски права.

Член 13 става повеќе терет на вебсајтовите како би се примениле законите за авторски права и подразбира дека било која онлајн платформа која им овозможува на корисниците на неа да објавуваат текст, слики, звуци или кодови, да мора да најдат начин да и пристапат на таа содржина и да го филтрираат.

Европските пратеници за тоа и бројни музичари повикаа да се усвои оваа уредба. Најистакнати меѓу нив се сер Пол Мекартни, Пласидо Доминго и Џејмс Блант.

-Ни треба интернет кој е фер и одржлив. За жал, денес, некои платформи, на кои кориснците аплаудираат содржина, одбиваат на уметниците и самите творци на музика да им дадат праведна компензација за нивните дела кои ги користат за стекнување на сопствен профит. 

Предложената уредба и нејзиниот член 13 се однесуваат на вредносен јаз (проблем на скратување на вредностите на носителите на правата) и помага да се обезбеди одржлива иднина за музичкиот екосистем и неговите творци , обожаватели и дигитални музички сервиси-наведено е во писмото на Пол Мекартни.



Foto: Shutterstock


Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра