Интерпелацијата подготвена - кога ќе се гласа?
Објавено во: Македонија 04 Април, 2018 17:16
ВМРО-ДПМНЕ вo сабота ќе ја поднесе интерпелацијата за работата на Владата.
На власта и се забележува за економските неуспеси, неисполнети ветувања, селективна правда и корупција.
Деловникот предвидува интерпелацијата да се стави на дневен ред на собраниска седница во рок од три дена, што значи за неа ќе се расправа во вторник.
Дискусијата за интерпелацијата трае еден ден, а се гласа на полноќ, без оглед дали има пријавени дискутанти кои не стигнале да добијат збор, а за да помине потребно е да се добијат најмалку 61 глас за недоверба на Владата.
По оваа седница пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат редовно да присуствуваат на седниците.
Интерпелацијата ја најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски, според кого, ако се враќа опозицијата во Парламентот, ќе се врати на голема врата.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




