07 Октомври, 2024
0.0274

ИНТЕРВЈУ АНТОНИО МИЛОШОСКИ: Најголемата опозициска партија да даде предлог за специјален обвинител

Објавено во: Македонија 28 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Антонио Милошоски во денешното интервју за „Фактор“ вели дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира во преговорите со власта за законот за јавно обвинителство најголемата опозициска партија да го предложува новиот специјален обвинител. Според преговарачот од ВМРО-ДПМНЕ ова и натаму е најголемиот камен на сопнување откако законот влезе во собраниска процедура и утре се очекува да се најде на седница на собраниската комисија за европски прашања.

Новиот Закон значи создавање на ново обвинителство. Не зборувам за државно обвнителство, туку ново надградено обвинителство за организиран криминал и висока корупција во рамки на ОЈО. Тоа ќе биде сублимат помеѓу сегашното СЈО и обвинителството за организиран криминал. Штом се создава нова институција или некоја се надградува, логично е во тој процес да има избор или реизбор на првиот човек на институцијата. Затоа сметаме дека со носењето на законот треба да се предвиди и клаузула кој ќе го води новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција, а во тој сегмент сметаме дека не треба да биде исклучено Собрание и Комисијата за избори и именување во процесот на селекција по што изборот треба да заврши во Советот на јавни обвинители. Ние предлагаме, најголемата опозициона партија да даде предлог кој ќе биде усвоен од Комисијата, таа да го испрати Собранието, а со одлука на пратениците изборот да биде доставен до Советот на јавни обвинители на конечна одлука. Се разбира тој предлог да биде даден врз основа на високи критериуми. Власта засега не покаува сигнали за компромис и тоа ни дава сомнеж дека имаат посебен интерес кон обвинителката Вилма Рускоска за која пак, ние имаме огромни забелешки по сите скандали“, вели пратеникот на прашање во интервјуто.

Дополнително, тој смета дека не постои причина актуелните обвинители во СЈО да останат ангажирани во истото, наспроти како што вели тој, инсистирањето на СДСМ.

Втората тема во која имаме големи разлики е што ќе биде со помошниците обвинители на Катица Јанева. Тоа прашање не треба да го дискутираме дополнително бидејќи веќе е регулирано со постоечкиот Закон за СЈО. Власта инстира тој закон да не се почитува и помошниците на Јанева, и сака автоматски да ги префрли во новото обвинителство за борба со организиран криминал и висока корупција. Тоа не е уставно начело, затоа што секој има право да биде дел од тоа ново обвинителство. Исто така според законот на помошниците на Јанева им претстанува мандатот кога ќе престане мандатот и на специјалниот јавен обвинител, по што тие се враќаат во матичните обвинителства каде сега им мирува работниот однос. Потоа секој ќе може да аплицира за работа во новото обвинителство и откако ќе се направат проверки и ќе се види дали се исполнуваат стандардите ќе се врши пополнување на местата“, тврди Милошоски.


Можеби ќе ве интересира

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија