20 Декември, 2025
0.1093

ИНТЕРВЈУ БАРИШИЌ: Хрватска имаше сили да расчисти со корупцијата, Македонија мора да го мине тој пат!

Објавено во: Балкан 17 Октомври, 2015 09:40

Добивај вести на Viber

Данијела Баришиќ е Амбасадор на Р. Хрватска во Р. Македонија. Оваа земја која важи за исклучително блиска до Македонија, и во минатото по многу нешта потсетуваше на случувањата во нашата земја. Затворени институции, голема корупција. Дури, Хрватска во одреден период беше подалеку од Македонија на патот кон ЕУ. Но изминативе десет години направи драматичен прогрес, кој особено го карактеризираше битката со корупцијата и падот на Санадер. Баришиќ во интервју за Фактор говори за предизвиците на Хрватска, но и за предизвиците на Македонија, за улогата на меѓународниот фактор, медиумите, бегалската криза. разговараше Горазд Чомовски Фактор: Се има впечаток дека целиот регион демократски назадува. Во таа насока, најчесто прстот се вперува кон Македонија и Србија, како држави со растечко авторитарни водства. Дали Брисел ја жртвува демократијата поради стабилност во овие земји, со премолченото прифаќање на недемократски пракси? Баришиќ: Ако гледаме долгорочно нема стабилност без демократија, а ниту обратно – демократија без стабилност. Освен сето, демократијата е процес. Впрочем, никој не е роден како демократ, демократијата се учи и за се е потребно време, ништо не може да се постигне преку ноќ. Исто така, ако ги погледнете Извештаите за напредок од Брисел (Progress Report) за земјите кандидати, тие секогаш имаат дел кој се однесува на критериумите од Копенхаген кои бараат стабилност на институциите што гарантираат демократија, владеење на правото, почитување на човековите права и правата на малцинствата и така натака. Освен тоа,  Високиот предпристапен дијалог  исто така кажува за приоритетите кои се значајни не само за ЕУ туку и за Македонија кои повторно зборуваат за владеење на правото, реформа на јавната администрација, слобода на изразување, изборна реформа и пазарна економија, а сето тоа е дел за стабилна демократија. Фактор: Колку политичката криза ја одалечи Македонија од исполнувањето на обврските од европската агенда, како да се надомести изгубеното време ако се има во предвид дека тешко оди и реализацијата на задачите превземени со договорот од Пржино? Баришиќ: Сигурна сум дека нема да ви откријам ништо ново ниту епохално ако ви кажам дека решението е во конструктивен дијалог, пронаоѓањето на компромис, а не во самото инсистирање на различности. Веродостојноста е клучен фактор. Обврските кои сте ги превземале, мора да ги исполните. Само на тој начин може да се здобиете со доверба и почитување, не само кај европските, туку кај сите меѓународни партнери. ЦВРСТА ВОЉА ЗА БОРБА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ Фактор: Во регионот актуелни или поранешни премиери се осудени или се осомничени  за корупција и криминал – Јанша, Санадер, Понта, Џукановиќ а во Македонија се отвораат афери за подмитливост на партиско-владини врвови. Се погласно во домашната јавноста се говори за  „македонски Санадер“? Баришиќ: Ниту една земја во светот не е имуна на корупција, но се разликуваат по тоа дали имаат цврсти и транспарентни правила за превенција на корупција и независно и  ефикасно судство за санкционирање. Во случајот на Хрватска, беше важно тоа што Хрватска го стори во текот на преговорите во поглавјето 23 (Правосудството и темелните права), на крајниот резултат е, дека сите граѓани се еднакви пред законот без оглед на нивите политички должности. За тоа постоеше политичка волја за воспоставување на законска институционална рамка за борба против корупцијата и организираниот криминал. Во конечниот извештај на ЕК за Хрватска стои дека „хрватското членство е резултат на 10 годишен ригорозен процес“. Тој процес, за кој често кажуваме дека е поважен од самото членство во Европска унија, ни овозможи изградба на институциите на државата, а тоа всушност значи изградба на државата и општеството кои штитат секој поединец. Фактор: Колку медиумите и демократијата ја плаќаат цената на заробена држава од постранзициската мафија и криминалните елити?  Баришиќ: Допуштете ми да парафразирам еден полски социјолог Jadwigа Staniszkis која уште на почетокот на 90-тите години, по падот на комунизмот кажа дека „во патувањето на институциите од запад кон исток се случува краток спој, па слободниот пазар кој се преселува од запад на исток станува економија контролирана од мафијашите. Политичката конкуренција станува омраза помеѓу групациите, а слободата на јавниот збор станува таблоидизација на медии„. За жал, невозможно е да се прекопираат некои достигнувања, потребно е време да се развијат. Меѓутоа, многу е важно проблемите да бидат детектирани, и да се тргне во нивното решавање затоа што никој сем нас самите нема да ги реши. Тоа бара време, али и храброст на поединци, но нема друг пат. Улогата на медии е клучна во демократизацијата на општеството, иако, се разбира, и самите медии секогаш се рефлексија на општеството во које дејствуваат, ни подобри, ни полоши, но токму поради тоа важно е да ја користаат својата улога и сила. Менувајќи се себе самите, тие го менуват и општеството. ДА ГО МЕНУВАМЕ ИМИЏОТ НА „БУРЕ БАРУТ“ Фактор: Дали државите од регионот се социјално заробени, а богатството се повеќе се концентрира во 2-4 насто од населението? Баришиќ: За жал, нито тоа не е карактеристика на оваа регија, туку на целиот свет, судејќи според книгата на Thomas Piketty  „Капитал во ХХ век„  во која тој зборува дека нерамномерноста во распределбата на приходите се зголемува со забрзан тренд и станува најголем социјален и политички проблем на човештвото. Фактор: Даливојната на зборовимеѓу Загреб и Белград предизвикана од проблемот со мигрантите ги доведе односите меѓу двете земји на најниско можно ниво од времето на владеењето на Слободан Милошевиќ. Значи ли ова дека Балканот се уште претставуваБуре баруткое малку фали за да  експлодира? Баришиќ: Овој регион  прв се најде под ударот на бранот од бегалци и би сакала да кажам дека е очекувано да, во ситуација на високи тензии, се слушаат и не се секогаш добро измерени реченици.  Но, исто така, тие реченици изгледаа многу подраматични во насловите во весници отколку што беше реалната ситуација. Доказ за тоа е времетраење од неколку дена, токму тогаш кога најголем бран на бегалци влегуваше во Хрватска. Проблемот беше и во недостаточна соработка и координација помеѓу Хрватска, Србија и Унгарија, но како што гледате, ситуацијата се подобри. Беше потребна подобра координација и соработка помеѓу транзитните земји за да се договори побавно темпо за доведување на луѓето на границите кога тоа беше потребно.  Впрочем, бегалците не сакаат да останат во ниту една од овие држави, а и многу тешко е да се поднесе тој товар, и административно и  финансиски. Инаку, во право сте кога кажувате дека овој простор колоквијално се вика „Буре барут“, но сметам дека е тоа имиџ кој со заеднички напор треба да го менуваме. Фактор: Зошто само кај екс југословенските држави постои потреба од блокади, реторзија, отсуство од потреба за компромис и простување? Баришиќ:Такви појави не се карактеристика само на просторите на југоисточна Европа и сосема сигурно можат да се видат и во другите делови на светот, особено ако државите делат заедничка историја или граници, но во секој случај е потребно да секоја од страните „застане на топка“ и да се обиде да дојде до компромис кој е од заеднички интерес. САД, РУСИЈА И ЕВРОПА ТРЕБА ДА ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ СО МИГРАНТИТЕ Фактор: Дали миграционата политика на ЕУ доживеа целосно фијаско, па поради тоа регионот  се соочува со голема хуманитарна криза? Можеше ли да се спречи овој бегалски егзодус? Баришиќ:Европската  унија не беше доволно подготвена за брзината на случувања, толку повеќе што Турција предупредуваше дека има огромен број на бегалци на својата територија и дека се потешко се справува со тоа. Тоа што направи ЕУ помеѓу другото е и неодамна усвоената заедничката декларација која зборува за целата низа на нови елементи за соработка помеѓу државите на ЕУ и државите кои го сочинуваат првиот круг околу Сирија-Турска, Јордан и Либанон и со државите од западен Балкан. Исто така, Европската комисија превзема мерки за намалување на бројот на луѓе што доаѓаат и тоа за да им се помогне на земјите погодени најмногу од бегалската криза и во кои моментално престојуваат повеќе милиони бегалци од Сирија, во исто време ЕК превзема активности насочени кон борбата против криумчарите на луѓе. Би кажала дека, во дадени околности ЕУ направи оно што сама можеше. Што се однесува до прашањето дали можеше да се спречи егзодусот, сега би било лесно да се биде генерал по битка. Знаеме дека причината е граѓанската војна во Сирија и дека за решавање на кризата, односно за сопирање на војната, би требало сите да седнат заедно, а најпрво Американците, Русите и Европјаните. Фактор: Поради морскиот спор  меѓу Љубљана и Загреб, Хрватска долго време не можеше  да стане дел од ЕУ но сепак на крајот  беше постигнат договор. Како да се оствари дијалог и сочува идентитет во општества со различни јазични, конфенционални и национални вредности? Баришиќ: Словенија десет месеци го блокираше хрватскиот преговарачки процес, меѓутоа по постигнатата Спогодба за арбитража, процесот е продолжен и Хрватска е денес полноправна членка на Европската унија. А кога зборуваме за различностите, било да се  јазични, верски или национални, тие не претставуваат пречка, туку  „соединуваат во различностите„. Со влез во Европската унија се здобивате со можност да и на земјите од европското семејство им ја доближите и покажете своја култура и традиција, без страв од асимилација или исчезнување.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација