Интервју со Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка
ИНТЕРВЈУ ДАМЧЕВСКИ: Повеќе од банка - Сакаме претприемачи и бизниси кои растат со нас
Објавено во: Мои пари 28 Март, 2025 12:22
Традиционалното банкарство вели: ако сакате кредит, докажете дека не ви треба. Но, што ако не ви треба само кредит, туку и насока, стратегија, вистински партнер за раст?
Претприемништвото не е само игра на пари – тоа е игра на знаење, храброст и вистински избори. Некој ќе каже: „Да имав повеќе пари, ќе направев повеќе.“ Но, дали е тоа вистина или само удобен изговор? Колку пати сме виделе компании со големкапитал кои стагнираат, и мали бизниси кои без голем буџет освојуваат пазари само затоа што знаат што прават?
ПроКредит Бизнис Академијата не е уште една работилница – тоа е платформа за оние што не бараат само заем, туку знаење што ќе им донесе одржлив раст. Ова не е обична приказна за банкарски услуги, ова е приказна за тоа како една банка одлучи да ја промени играта.
За ова и многу повеќе, разговараме со Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, човек кој верува дека банките не треба да бидат само финансиски институции, туку партнери во вистинскиот развој.
ПроКредит е банка позната по својата уникатнаделовна филозофија. Како се роди идејата за Бизнис Академијата и што беше „моментот на клик“ кога решивте да ја реализирате?
ДАМЧЕВСКИ: ПроКредит повеќе од 20 години е банка која е препознаена како партнер на локалните бизниси и сме навистина горди на тоа. По долги години успешна работа со локалните претприемачи, време беше да направиме чекор напред и да најдеме нова форма во која ќе го поддржиме развојот на економијата.
ПроКредит секогаш пристапувала на проактивен начин, па така низ искуството со клиентите и преку будно следење на реалните потреби на пазарот увидовмедека финансирањето не е секогаш клучниот предизвик. Да, финансирањето е важно, но клучно е знаењето како најдобро тие финансии да се стават во функција на раст на бизнисот.
Токму тоа го увидовме – локалните бизиси имаат голем потенцијал, кој за да го искористат максимално, потребна им е поддршка за унапредување на клучните претприемачки вештини. Оттаму произлезе идејата за Бизнис Академијата – место каде што ќе можеме да ги поддржиме претприемачите не само со финансирање, туку и со вештини што ќе им помогнат да постигнат одржлив успех.
ПроКредит бизнис академијата е многу повеќе од банкарски производ – тоа е платформа која ќе создаде заедница каде што претприемачите ќе можат да научат, да се поврзат и да го изградат својот бизнис на цврсти темели.
Банкарството најчесто се врзува за финансиски услуги. Што ве натера да одите чекор понатаму и да инвестирате во нефинансиска поддршка на мали бизниси?
ДАМЧЕВСКИ: Затоа што сакаме да бидеме повеќе од банка. Сакаме да бидеме партнер. Во финансискиот сектор има многу фокус на бројките, а помалку на луѓето зад тие бројки. Нашите клиенти се визионери, луѓе кои градат нешто вредно, и ако можеме да ги поддржиме не само со финансии, туку и со знаење и контакти, тогаш навистина правиме разлика.
Често гледаме сопственици на бизниси кои се одлични во својата професија – дали се тоа трговци, сметководители, ИТ експерти, угостители – но, чувствуваат недостиг во нивното познавање за финансиски менаџмент, продажни стратегии или дигитализација – нешто што е исклучително важно за градење одржлив бизнис. Нашата цел е да го пополниме овој јаз.
Бизнис Академијата ќе бидеплатформа преку којаќе се градат релации, каде што ќе се разменуваат идеи и каде што учењето ќе се случува преку дијалог. Луѓето учат најдобро кога имаат можност да прашаат, да споделат искуство, да чујат реални приказни од други кои се соочиле со истите предизвици. Тоа е незаменливо.
Што ја прави ПроКредит Бизнис Академијата поразлични од другите? Кажете ни нешто повеќе за самата програма и методологијата по која истата ќе се реализира?
ДАМЧЕВСКИ: ПроКредит Бизнис Академијата не е само уште една програма за обука – таа е внимателно осмислена платформа што одговара на вистинските, критични потреби на претприемачите.
Во креирањето на програмата вложивме многу време и внимание за да изградиме балансиран микс од практични модули кои ја комбинираат вредноста на „меките“ вештини со стратешки технички знаења. Академијата опфаќа пет клучни теми: Финансиско управување, Продажни стратегии, Комуникациски вештини, Интерно претприемништво, Дигитална трансформација.
Но, подеднакво важно како и содржината – е начинот на кој таа ќе биде пренесена. Ова не е платформа за пасивно слушање, туку за интеракција, реално искуство и примена. Затоа, наместо класични предавачи, ангажиравме ментори што доаѓаат од бизнис светот – луѓе кои самите изградиле компании, направиле грешки, научиле од нив и повторно се издигнале.
Особено сме горди што оваа прва академија ја реализираме во партнерство со Alphabet Group – регионална консултантска компанија со богато искуство и резултати. Нивните ментори работеле со некои од најбрзорастечките бизниси во регионот и знаат точно што функционира – а што не. Ќе донесат практични стратегии и нова перспектива, адаптирани на македонските реалности. Нашата цел не е само да им дадеме алатки на претприемачите – туку да им помогнеме да изградат сопствена мапа за раст.
Работите со новибизниси и претприемачи. Што ве фасцинира кај нив? Дали има некоја приказна која посебно ви останала во сеќавање?
ДАМЧЕВСКИ: Во срцето на секоја добра бизнис приказна стои визија – но вистинскиот успех доаѓа кога ќе се сретне со вистинска поддршка, во вистинскиот момент.
Таква е и приказната за двајца наши клиенти, кои започнаа сосема различни бизнис патеки, но благодарение на нашата банка се поврзаа и создадоа стабилно и одржливо партнерство.
Првиот претприемач беше млад визионер со идеја за преработка на компир – од чипс до замрзнати полуготови производи за угостителски објекти. Имаше јасна визија, опрема и волја, но и еден сериозен предизвик: немаше сигурен добавувач на квалитетен компир. Без тоа, производството не можеше да започне.
Во исто време, друг клиент – семејна фирма која штотуку започна со производство на компир – се соочуваше со сосема поинаков проблем: неизвесноста околу продажбата ги кочеше нивните планови за проширување. Им беше потребен стабилен купувач за нивниот производ.
Ние веруваме дека банкарството не смее да биде сведено само на финансии – туку треба да биде алатка за поврзување, менторство и вистинска поддршка. Преку директна комуникација со двата бизниси, со внимателно слушање и разбирање на нивните потреби – успеавме да ги поврземе. И така започна едно партнерство кое трае и денес.
Преработувачот доби сигурен, локален добавувач. Производителот доби стабилен купувач и основа за проширување. И двајцата инвестираа, вработија нови луѓе и денес нивниот бизнис расте.
Кога ќе видиш дека една одлука, една препорака или едно поврзување можат да променат цели бизниси – тогаш знаеш зошто го работиш ова. Токму тоа ја прави нашата работа вредна – да не сме само дел од растот, туку катализатор за него.
ПроКредит Банка се разликува од традиционалните банки. Што значи „банка од новата генерација“?
ДАМЧЕВСКИ: Во традиционалното банкарство, односот е едноставен: земате кредит, враќате кредит, правите трансакции преку банката. Но, што ако банката може да помогне на бизнисот да стане поголем, поуспешен, да се прошири на различни пазари? Тогаш бизнисот расте и ние растеме заедно со него.
Сакаме да направиме промена во банкарството – да бидеме вистински партнер, институција која ќе нуди комплетна поддршка која ќе вклучува: пристап до мрежа на контакти, знаење и едукација, место за релевантни, точни и актуелни информации, поврзување со странски пазари, како и поддршка во промовирање на продуктите и услугите пред потенцијални клиенти.
Не гледаме на клиентите како на краткорочни трансакции, туку како на партнери со кои растеме заедно. Нашата Бизнис Академија е доказ за тоа – наместо само да даваме кредити и банкарски услуги, ние им помагаме на бизнисите да станат посилни и одржливи.
Дали мислите дека овој пристап кон нефинансиски услуги ќе стане новиот стандард во банкарството?
ДАМЧЕВСКИ: Верувам дека да. Банкарството мора да се трансформира – суштината не треба да бидат само бројки, туку конкретни активности за вистинска поддршка на реалната економија.
----
Ако сте подготвени за следниот чекор, пријавете се за првата ПроКредит Бизнис академија најдоцна до 30 март 2025. Дознајте повеќе и аплицирајтена следниот линк.
Можеби ќе ве интересира
Северна Македонија исцртува Мапа на инвеститори – алатка која веќе постои во речиси 50 држави

Парите не треба да стојат – откријте како да ги ставите во акција

Павел Андреев, основач на PavelАndreev.ORG - “Mислата дека легнувам и станувам е како отпечатокот што го оставам во неколку земји, вклучувајќи ја и Северна Македонија, може да стигне до целиот свет”

За зелена иднина на новите генерации – Вработените од Mozzart засадија 2500 садници во Кучково
ВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРАВАТА НА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ - ЛАСТОВИЦА

Samsung Electronics ја претстави визијата AI Home на настанот Welcome to Bespoke AI

ИСОС ја организира втора регионална конференција на професионалните сметководители посветена на новата ера во професијата

Одлично издание на Саем на мебел 2025 со 15.000 посетители

Wolt официјално стартува во Северна Македонија, трансформирајќи ги услугите за испорака во Скопје
