17 Мај, 2024
0.0286

ИНТЕРВЈУ Иван Наневски: Заминавме поради иднината на децата!

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Дипломирал  на факултетот за  Информациски технологии (ИТ) на државниот универзитет во Скопје. Пред речиси еден месец одлучи со семејството да се исели во Канада иако во Скопје работеше како супервизор  во една  од странските комапнии лоцирани во Слободна индустриска зона Бунарџик. „Како главен мотив за заминувањето би ја издвоиле иднината и перспективата на нашето дете. Актуелниот македонски менталитет не е нешто со кое би се идентификувале и не би сакале детото да ни расте и да се развива во таков систем. Насилие, нетолерантност, некомпетентност, неодговорност и корупција се, за жал, доминантни квалитети во државата.“ Разговараше Горазд Чомовски Фактор: Зошто неодамна донесовте одлука заедно со фамилијата  да се иселите од Македонија? Наневски: Со цел да го подобриме кавалитетот на нашиот живот, а пред се да му овозможиме подобра перспекитва на нашето дете, почнавме да размислуваме во таа насока и да ги разгледуваме опциите пред отприлика две години. Конечно, по неколкумесечни подготовки, аплициравме во мај 2014. Иселеничките визи ги добивме изненадувачки брзо, во ноември. Од средината на јануари 2015 година сме во Канада Фактор: Финансиската стабилност, поголема перспективност , потрагата по помирен живот или сосема нешто друго беше пресудно за да се решите на ваков чекор ? Наневски: Како главен мотив би ја издвоиле иднината и перспективата на нашето дете. Актуелниот македонски менталитет не е нешто со кое би се идентификувале и не би сакале детото да ни расте и да се развива во таков систем. Насилие, нетолерантност, некомпетентност, неодговорност и корупција се, за жал, доминантни квалитети во државата. Незадоволството од квалитетот на живот се повеќе се отсликуваше и на лицата на луѓето кои не опкружуваа, а Македонија наместо да се равива и доближува кон современиот модерен свет, се повеќе и повеќе се оддачечува и изолира. Ivan  familijarna Фактор: Што е тоа што Канада може да им го понуди  на луѓето кои доаѓаат однадвор  и зошто токму оваа земја ја одбравте за ваш нов дом? Наневски: Канада е високо развиена и либерална демократска земја. Веројатно е далеку од совршена, но е нешто што Македонија не била никогаш и за жал тешко дека ќе биде во скора иднина. Канадската економија е во постојан раст поради што има и константен недостиг од работна сила. Оттука и потребата за квалификувани емигранти. И тука не зборуваме само за информатичари, инженери, доктори и слично. Огромна е потребата од градежници, заварувачи, управувачи со тешка механизација и слични занаетчиски профили. Ivan i Jule Фактор: Во Скопје  работевте како супервизор  на една странска корпорација. Дипломиран информатичар сте . На берзата на трудот овие профили се меѓу најбараните . Дали веќе со сопругата го решивте работниот статус и како се акомодиравте на новите услови на живот и колку средината  ве прифати ? Наневски: Во Ванкувер сме три недели, и првите впечатоци се одлични. Градот е преубав дури во зима кога времето е тмурно и често врне. Воздухот е неверојатно чист. Изборот и квалитетот на храната е неверојатен (под услов да не сте опседнати со ставот дека јадење без Вегета не е јадење J ) Луѓето околу нас се страшно позитивни и секојдневно ни помагаат (дури и тие што не нѐ познаваат и што нѐ гледаат по првпат).  Овде сме опкружени со насмеани и ведри лица. Јас имав среќа работа да најдам уште од Скопје, непосредно пред да заминеме. Тоа дополнително ни го олесни целиот процес, бидејќи сме ослободени од стресот што го носи живеењето само од македонската заштеда и неизвесноста дали ќе се најде работа или не. Во принцип, сега апсолутно го уживаме секој момент што има да го понуди овој прекрасен град. Фактор: Како се движат  просечните примања  на еден иформатичар, лекар или адвокат ? Наневски: Тешко е да се одговори на ова прашање со генерализирање.. во ИТ областа постојат многу различни видови на профили и професии, а примањата, помеѓу останатото, зависат од вештините кои ги имате, од искуството како и од индустријата во која работите.. формалното образование скоро и да не е битно.. така и распонот на примањата е голем.. По моја проценка и според информациите од интернет тие би биле помеѓу 50.000 и 150.000 канадски долари бруто годишно. Ivan sam Фактор: Каде го  лоцирате проблемот со бранот  иселувања од Македонија кој во континуитет  се зголемувава, иако во змејата се отвараат нови комапнии што значи и чпоголема шанса да се  најде работа? Наневски: Емиграцијата како појава не треба да се сфаќа како нешто страшно и негативно. Луѓето секојдневно мигрираат и од многу поразвиени земји од Македонија. Информациите се достапни повеќе од било кога, а не тешко да сфатите (ако сакате) дека во Македонија е лошо на повеќе нивоа. Самиот процес на емиграција, од друга страна, не е лесен. Напротив. Доаѓате на место каде најверојатно никого не познавате и прашање е колку добро го владеете јазикот.. Но тоа е одличен мотив да запнете бидејќи овде работите зависат само од вас самите и за разлика од Македонија, тука вашиот вложен напор се цени и вреднува.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА