19 Мај, 2024
0.0273

Интервју–Никола Николовски, претставник на SMD Smart Electronics, најдобриот развивач за Македонија на натпреварот „Business Wall of Fame“ на Дојче Телеком

Објавено во: Мои пари 20 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Во иднина би сакале да ги видиме нашите уреди во секој дом и канцеларија во земјата и пошироко, како дел од едно решение кое што овозможува штедење, дава чувство на сигурност и контрола, им го олеснува животот на корисниците и се развива постојано за да ги задоволи новонастанатите потреби на индивидуалните потрошувачи и на индустријата, вели Николовски.

1. Честитки за наградата и освоеното прво место на локалниот натпревар „Business Wall of Fame“. Како се чувствувате по ова признание? Што тоа значи лично за вас, а што за вашата компанија?

-Чувството да се добие признание од ваков тип е прекрасно, особено за компанија која е  основана пред само 4 години и која ја движи напред еден голем ентузијазам. Среќни сме што преку „Business Wall of Fame“ целиот минат труд во развојот на продукти и решенија конечно ќе добие шанса да излезе на површина и да биде презентиран онака како што заслужува. Задоволството е уште поголемо затоа што признанието доаѓа од компанијата Македонски Телеком  која што е светски етаблиран и познат бренд, а воедно е и една од малкуте компании кои што ги поддржуваат иновациите на младите компании од областа на технологијата. Наградата за нас претставува  можност да ги пласираме нашите производи директно на пазарот преку веќе познат бренд како што е Дојче Телеком.

nik72. На овој натпревар беа пријавени повеќе од 200 апликации. Дали разгледавте некои од нив на официјалната страница на Дојче Телеком каде што и беа објавени? За кое решение вие би гласале?

- Љубопитноста од професионален аспект секако дека не натера да ги видиме и останатите решенија кои беа пријавени и мора да признаам дека конкуренцијата беше голема. Лично ми се допаднаа две решенија: првото е „Паметниот бојлер“ на Леов (проект во кој што лично учествуваме и ние) кој што дозволува контрола на бојлерот преку нашите телефони каде и да сме. Можеме да дознаеме колку вода имаме, колку е топла и да го котролираме целиот процес од било каде преку мобилниот телефон.  Вториот продукт што ни остави впечаток е „Паметното капаче“ на Fueloyal Technology кое што се инсталира многу едноставно на секој резервоар за гориво и допринесува до големи заштеди за транспортните компании кои што губат многу од кражбата на гориво.

3. BCON Wireless Socket е уред кој овозможува безжична интернет регулација и комуникација со останатите паметни уреди во домот или канцеларијата, со помош на паметен телефон. Колку време ви требаше да го развиете ова решение и со какви предизвици се соочувавте? - BCON Wireless Socket го развиваме веќе една година и со секој изминат тест уредот добива нови и поусовршени функционалности во склоп со новите потреби на потенцијалните потрошувачи. Во овој период успеавме да го подигнеме квалитетот на производот на највисоко ниво и да го приспособиме софтверот да работи беспрекорно на секој паметен телефон и оперативен систем. Интересниот факт е дека BCON Wireless Socket е само дел од палетата на производи кои што ги развивме во последниве 4 години и е дел од интегриран систем на бесконечна надградба и развој на производи од овој тип. Бидејќи нашите производи се целосно развиени и направени во Македонија имавме одредени пречки и бариери во однос на набавката на електронски компоненти за развој, финализирањето на дизајнот на продуктите, обезбедување на финансиски средства за развој, изработка на плочите и на куќиштата и секако наоѓање на домашна компанија која што работи на асемблирање на продукти од овој тип . Секако дека овие пречки се надминати и нашите продукти се спремни за продажба.

nik

 4.Каде ја гледате иднината на вашето решение, што му предвидувате и каква примена му посакувате? - Во иднина би сакале да ги видиме нашите уреди во секој дом и канцеларија во земјата и пошироко, како дел од едно решение кое што овозможува штедење, дава чувство на сигурност и контрола, им го олеснува животот на корисниците и се развива постојано за да ги задоволи новонастанатите потреби на индивидуалните потрошувачи и на индустријата.

5. Како логична еволуција на интернетот и комуникациите, феноменот „IoT“ е од исклучително значење и во иднина ќе влијае на развојот на сите аспекти на модерно живеење. Дали сметате дека македонската бизнис заедница ќе ги препознае бенефитите од овие решенија? -  Секако дека македонската бизнис заедница ќе ги препознае бенефитите од „IoT“ решенијата и нашите решенија како дел од овој светски тренд. Ние нудиме едноставни решенија кои што имаат пред се финансиски бенефит, а и голем број на други бенефити кои што се: зголемување продуктивноста, зголемување на ефикасноста на производните процеси, олеснување на контролата над процесите, зголемување на свесноста за брендот и др. Нашиот уред се базира на многу едноставна инсталација и единственото нешто што е потребно е да се набават нашите уреди и да се обезбеди интернет пристап.

6.Вашето решение со поддршка на Македонски Телеком ќе успее да допре до многу бизнис корисници и ќе направи исчекор и на глобалниот пазар. Кои се вашите очекувања и какви се вашите планови во однос на нови решенија применливи во бизнис секторот?

- Очекувањата ни се големи. Веруваме дека со поддршката од Македонски Телеком нашите решенија ќе станат дел од светскиот пазар, а со самото тоа и нераскинлив дел од „IoT“ индустријата. Со самото тоа што сме дел од динамична индустрија со постојан развој ние планираме да го искористиме целиот потенцијал што ги имаме за развој на нови производи и решенија. Бидејќи веќе имаме развиен систем со бесконечен потенцијал и број на производи и функционалности кои што може да се интегрираат, ние планираме да развиеме голем број на решенија за бизнис секторот и да ги пресретнеме сите нови потреби на пазарот, па дури и да наметнеме некои нови трендови во оваа индустрија. Секако дека дел од планот е и проширување на нашиот тим и зголемувањето на инвестициите во истражување и развивање на нови решенија.

bwf1

7. Градежен институт на Македонија е поддржувач на вашето решение. Како гледате на развојот на деловните односи со овој сериозен бизнис играч во Македонија?

- Голема благодарност до Градежен институт на Македонија и нивната поддршка на нашето решение. Нашата платформа нуди иновативни решенија во IoT индустријата и како такви можат лесно да се имплементираат во идните бизнис планови на Градежниот институт. Градежниот институт може да ги имплементира нашите производи и решенија и да ја зголеми својата ефикасност и ефективност во работата, а воедно и да го зголеми својот профит на долг рок.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО