30 Април, 2024
0.0290

Интервју со д-р Елена Ќосевска - Само двајца се одвикнале од цигари во центрите за помош

Објавено во: Македонија 25 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Република Македонија во последните десетина години води агресивна стратегија за намалување на бројот на пушачите, од познатите реклами кои се емитуваа на телевизиите, до промена на амбалажата на цигарите, забраната за нивно промовирање и многу други алатки кои на пушачите треба да им отежнат да дојдат до своето никотинско задоволство. Но, се поставува прашањето ако веќе сме се решиле да се „бориме“ со цигарите дали на пушачите им е достапна соодветна стручна помош за надминување на оваа тешка навика. Токму за состојбите во советувалиштата за одвикнување од цигарите разговараме со д-р Елена Ќосевска од Институтот за Јавно здравје каде го предводи одделот за превенција и анализи.

Фактор: Цените на цигарите постојани се зголемуваат, се водеа и јавни кампањи за штетните ефекти од пушењето. Постои јасна определба да се намали бројот на пушачи во Република Македонија, но постојат ли лесно достапни советувалишта и програми за одвикнување?

д-р Ќосевска: Во Република Македонија од 24 јуни 2014 година, во рамките на 10 Центри за јавно здравје  започнаа да функцинираат Советувалишта за откажување од пушење, каде стручен и обучен кадар од доктор и медицинска сестра одржуваат едукативни предавања за штетноста од пушењето.

Во првата фаза советувалиштата беа наменети само за здравствените работници, а од 20 август 2014 година, советувалиштата станаа достапни и за сите граѓани кои сакаат да се откажат од пушењето.

Во овие советувалишта едукацијата на сите кои ги посетуваат е групна, но бидејќи откажувањето од пушење претставува релативно долготраен процес кој не се заокружува со само едукативно предавање, во советувалиштата се спроведува и индивидуална едукација на лицата кои ќе искажат желба и волја да се откажат од пушењето.

Фактор: Се применуваат ли нови техники или програми за одвикнување во здравствените центри?

д-р Ќосевска: Програмата за откажување од пушење во РМ е соодветна на програмата која се спроведува во Република Србија и постојано се унапредува согласно новите трендови во едукацијата.

Фактор: Една од најпроблематичните категории на пушачи се малолетниците кои и покрај законските ограничувања стигнуваат до цигари. Може ли да очекуваме специјализирани програми за одвикнување кај малолетници?

д-р Ќосевска: Програмата за откажување од пушење е универзална и се применува за лица од сите возрасти. Тенденцијата е учениците да не почнат со употреба на тутун и тоа особено со зајакнување на здравствената едукација.

Фактор: Колку чини една целосна програма за одвикнување од цигари?

д-р Ќосевска: Согласно Националната годишна програма за јавно здравје во РМ, Центрите за јавно здравје за работата на советувалиштата за откажување од пушење заедно со советувалиштата за СРЗ добиваат по 45 000,оо ден. квартално, со исклучок на советувалиштата во ЦЈЗ Скопје кој добива по 100000,00 ден квартално за нивната работа.

Фактор: Какви се досегашните резултати, има ли успешни примери на пушачи кои се откажале од цигарите?

д-р Ќосевска: Во периодот од јуни 2014- март 2017 на советување дошле 774 граѓани. Во ЦЈЗ Битола регистрирани се 2 успешни примери на откажување од пушење, што секако не е добар резултат, но треба да се има во предвид фактот дека се работи за долг и тежок процес кој бара трпение, упорност и поседување на цврста желба за истрајност во справување со симптомите на апстиненција.

Фактор: Дали сеуште се води кампања за намалување на бројот на пушачи меѓу здравствените работници кои најверојатно треба први да послужат како пример?

д-р Ќосевска: Цел на работата на овие советувалишта во првата фаза беше здравствените работници да се обидат да се откажат од пушењето и да се обучат за да можат да им помагаат на сите нивни пациенти во иднина, во процесот на откажување од пушење. На овој начин, со континуирана едукација и укажување на исклучително штетните последици од пушењето, се придонесува кон целокупно подобрување на јавното здравје и одржување на здрави генерации во нашата земја.

Во периодот од 23 јуни до 20 август 2014 вкупниот број на советувани здравствени работници во сите 10 Центри за јавно здравје изнесуваше 248, од кои 244 лица доаѓале на групно советување, додека 4 доаѓале на индивидуално советување.

Од вкупниот број на опфатени здравствени работници со обука, 98 се вработени во Центрите за јавно здравје каде и се одржуваа советувањата, 86 се вработени во болниците, 27 доаѓаа од здравствените домови, 18 се лица кои што работат во приватни ординации по општа медицина, 3 се од приватни специјалистички ординации, 16 здравствени работници доаѓаат од други институции.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија