27 Април, 2024
0.0290

Интервју со младиот Шекеров кој со апликации им помага на децата

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија има многу млади таленти кои прикажуваат одлични резултати со своите ИТ и програмерски вештини, а меѓу нив е Даријан Шекеров, програмерот кој ја изработи познатата апликација „Слико збор“ наменета за децата со аутистичен спектар. Овој млад програмер е добитник на повеќе награди и досега има изработено дваесетина апликации за Android меѓу кои освен за помош на децата има и игри и забавни содржини. Дознајте повеќе за  за талентираниот Шекеров кој веќе има големо искуство зад себе програмирајќи од многу рана возраст, за неговите перспективи и надежи за развој во ИТ индустријата.

Разговараше Христијан Станоевиќ

Фактор: Како започна да креираш апликација за паметни телефони, дали изработуваш само за Android платформата и каде се може да се најдат твоите апликации?

Шекеров: Започнав прво со креирање апликации за компјутер. Кога излезе Андроид како мобилна платформа која е широко достапна за сите, започнав да изучувам Андроид преку интернет. Потоа, почнав да правам сам апликации и да ги објавувам на Google Play Store, прво поедноставни, а потоа како учев и напредував правев и посложени апликации. Моментално изработувам апликации само за Андроид платформата, но имам познавање и од iOS, Web апликации, Windows апликации итн. Како што кажав, апликациите може да се најдат на Google Play Store и може бесплатно да се симнат.

Фактор: Голем успех постигна со апликацијата „Слико збор“ наменета за децата со аутистичен спектар, кој беше мотивот за ваква апликација и дали истата планираш да продолжиш да ја развиваш?

Шекеров: Мотивот на апликацијата беше детето Илин кое има аутистичен спектар т.е. попреченост во говорот. По барање на здружението и родителите со деца со попречености, ја направив апликацијата и многу сум горд и среќен што мојата апликација им помогна на многу деца во Македонија и во светот. Апликацијата е добро прифатена од дефектолозите, родителите и здруженијата и тоа се гледа по позитивните критики и од бројот на симнувања кој е околу единаесет илјади. Досега имам направено неколку надградби на апликацијата; можеби ќе има некоја во иднина ако има барање од здруженијата.


Фактор: Досега имаш изработено дваесетина апликации и игри лансирани во Play Store, дали имаш помош од некого и која е нивната цел?

Шекеров: Имам направено вкупно 16 апликации. Моја последна апликација е „Шарена Азбука“. Апликацијата „Шарена Азбука“ е наменета за малите дечиња кои што почнуваат со учење на буквите од азбуката и првите зборови. Направена е да биде едноставна за користење бидејќи целта на апликацијата е полесно и поедноставно описменување на малите деца од предшколска и рана школска возраст. Од апликациите, половина се игри, а другите се апликации, од кои некои се забавни, некои се едукативни. Идеите и изработката на апликациите се лично мои, зашто сум самоук за Андроид, односно се што имам научено го знам од пребарување на интернет.

Фактор: Што може да им кажеш на читателите на Фактор, кои се твоите желби, каде се гледаш во иднина?

  • Шекеров: Сакам да напредувам во светот на информатиката и да продолжам со изработка на апликации, а себе се гледам во иднина како успешен дипломиран програмер во некоја позната домашна или странска ИТ компанија.
  • Фактор: Што би им порачал на сите млади програмери, дали креирањето на апликации за Android е исплатливо и кои се општо бенефитите?
      1. Шекеров: Се исплати, бидејќи преку создавањето апликации се стекнува искуство во програмирањето и може да се заработи преку изработка на некој иновативен проект.

    Можеби ќе ве интересира

    ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

    ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

    ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

    ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

    КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

    КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

    БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

    БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

    ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

    ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

    ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

    ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

    ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

    ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

    Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

    Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

    „НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

    „НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“