19 Мај, 2024
0.0351

ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА: Како да одговорите на 4-те клучни прашања

Објавено во: Економија, Стил 20 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

 Вашата биографија е најважна за првиот впечаток кај работодавецот и е пресудна дали ќе влезете во потесен круг.

Но, најважниот дел од се е интервјуто за работа. Во зависност од компанијата прашањата можат да бидат различни, но сепак има некои клучни прашања кои најчесто сите ги поставуваат. Затоа е добро да се припремите како да ги одговорите, за да оставите и добар впечаток.

Зошто го напиштивте претходното работно место?

Никако не смеете да ја префрлите вината кај минатиот работодавец или да кажете дека го напуштивте работното место поради малата плата. Никој не сака да работи со некој што зборува лошо за претходниот газда или колеги, а ниту пак е добро да се знае дека единствен мотив ви се парите. Заземете позитивен став и без разлика на околностите, кажете дека претходната работа не ве исполнувала и не ви обезбедила можност да стекните искуство или да напредувате.

Кажете ни нешто за себе

Работодавецот не сака да слуша како вие зборувате за приватниот живот или вашето хоби. Бидете директни и зборувајте за лични особини поврзани со работата на која аплицирате. Искористете го ова прашање за да го убедите работодавецот дека вие сте идеалниот кандидат за работното место.

Кои се вашите слабости?

На ова прашање треба добро да размислите. Никој не сака да ангажира работник кој има маани кои директно се поврзани со работното место или не можат да се решат. Секако, треба да бидете искрени, но внимавајте да „изберете” слабост за која имате спремно целосно или делумно решение.

Очекувања за плата

Непишаното правило вели дека оној кој прв ја кажува цифрата го губи дуелот. Затоа најдобро е на ова прашање да одговорите дека платата е многу важен фактор во вашето вработување, но сепак за неа може да разговарате подоцна, кога подобро ќе се запознаете и кога ќе знаете кои се очекувањата од вас. Кога работодавецот ќе процени дека вие сте идеален кандидат за работното место ќе биди отворен и за преговори околу висината на примањата.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?