06 Декември, 2025
0.0312

ИНВЕСТИТОРИТЕ РАЗОЧАРАНИ: Вивнатите акции на Фејсбук под нивните очекувања

Објавено во: Стил 31 Октомври, 2018 13:33

Добивај вести на Viber

Податоците за кварталните приходи на „Фејсбук“, како и за растот на бројот на корисници ги разочараа инвеститорите, вo услови кога компанијата минува низ најпредизвикувачкиот период од своето основање, како поради скандалот за злоупотреба на податоците, така и поради „лажните вести“ и користење на нивните платформи во избори цели. Вкупните приходи на „Фејсбук“ во кварталот заклучно со 30ти септември покажуваат раст од 33 отсто, на 13,73 милијарди долари, пренесува CNN, додавајќи дека тоа е под очекувањата на аналитичарите.

Податоците за бројот на корисници исто така потфрлија во однос на очекувањата, со оглед на тоа дека заклучно со 30ти септември бројот на месечни активни корисници изнесува 2,27 милијарди, што е за десет отстo повеќе на годишно ниво.

Во меѓувреме, бројот на днeвни активни корисници секој месец во просек изнесуваше 1,49 милијарди, што е деветпроцентно зголемување, според податоците на „Фејсбук“. Аналитичарите, во меѓуреме, предвидуваа 2,29 милијарди од месечно активните корисници и 1,51 милијарда од дневните корисници.

Кварталната добивка на компанијата пораснала за девет отсто на 5,1 милијарди долари. Од компанијата проценуваат дека повеќе од 2,6 милијарди луѓе секој месец ги користат Фејсбук, Watssup, Instagram и Messenger, а освен тоа повеќе од две милијарди луѓе секој ден користат макар една од тие апликации кои се во сопственост на „Фејсбук“. По објавувавањето на резултатите, акците на „Фејсбук“ на тргувањето на берзата на Волстрит се вивнале со повеќе од 4,0 отсто.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: