07 Октомври, 2024
0.0278

Искрено интервју со Лепа Брена: Самата си месев леб кога бев детe

Објавено во: Стил 07 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Прва во тогашна Југославија облече ултра мини фустан, беше прва и единствена пејачка која сними филм во три дела во кој си се глуми самата себе. Делови од „Хајде да се волимо“ беа снимени дури и во Африка, а во еден од филмовите главната актерка „скокна“ од познатиот мост во Мостар. Во поранешна Југославија се продаваше дури и леб наречен Лепа Брена. До славата која ги помина југословенските граници, Брена стаса од нејзиното родно место Брчко во Босна на кое има интересни сеќавања. На 15 декември, таа ќе одржи концерт во Скопје, во ВИП Арената „Борис Трајковски“. Расположена за муабет, Лепа Брена ни откри дел од својот живот за време на вчерашното гостување во Скопје.   

* За концертите во белградската Арена се уште се пишува, дали во Скопје на 15 декември ќе го видиме истото шоу, со истата продукција, и дали ќе пеете со микрофонот кој ви е подарок од сопругот?

- Да, аполутно. Скопскиот концерт ќе биде реплика на белградскиот, колку што условите во салата „Борис Трајковски“ тоа го дозвололуваат. Јас мојата публика не ја делам на тоа од каде е . Ќе пеам со микрофонот Sennheiser digital 9000 кој ми го подари мојот сопруг за роденден, и среќна сум што сум единствена на Балканот која има таков микрофон. Тоа е направа која како да го чувствува сезнибилитетот на еден пејач, му влегува во душата и во емоцијата. Кога ја слушав Адел, на концертите во Мајами како пее на ист таков микрофон, посакав и јас да го имам. Чекавме околу шест месеци додека стаса, но вредеше. Ќе настојуваме сите големи концерти да ги правиме како белградскиот, тоа е причината што доаѓаме со екипа од 50 луѓе

Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни