ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети
Објавено во: Свет 28 Март, 2024
Организацијата Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва кој се случи во петокот и каде загинаа 143 луѓе.
Портпаролот на терористичката организација Исламска држава (ИД) Абу Хутаифа Ал Ансари денеска го пофали терористичкиот напад врз трговскиот центар Крокус Сити Хол во Москва.
Ал Ансари ги повика поддржувачите на Исламската држава да ги таргетираат „крстоносците“ со напади, особено во Соединетите Американски Држави, Европа и Израел, пренесува Ројтерс.
Идентификуван и приведен е уште еден осомничен кој учествувал во финансирањето на терористичкиот напад во „Крокус“, чие апсење ќе бара Истражниот комитет. Ова за ТАСС го соопшти прес-службата на Истражниот комитет на Руската Федерација.