08 Октомври, 2024
0.2263

ИСПОВЕД НА ТАМАРА КОЈА ЗАМИНАЛА ВО ГЕРМАНИЈА: Открива како е да се работи како лекар

Објавено во: Стил 16 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

„Од Србија ми фалат две Б: брат и бурек“, низ смеа ја почнува приказната докторката Тамара Влајниќ, вработена во една германска болница, во која има дури 14 техничари и двајца лекари од Србија, а се очекува доаѓањето на уште 15, додека друштво им прават седуммина медицинари од Босна и Херцеговина.

Вистинска „инвазија“ на Балканци е во болницата  "Pasauer Volf" во баварското место Бад Гризбах. Дел од оваа екс-ју екипа е и Тамара Влајниќ , која во Германија стигнала лани во март, додека остатокот од екипата дошол овој август.

Кога стигнала таа во Бад Гризбах, во тимот бил само еден техничар од Србија кој во тој град живее со години, и двајца од Босна.

-Ние меѓусебно доста добро се сложуваме и тука сме едни на други да се најдеме. Целата поранешна Југославија е тука, а апсолутно ни во еден момент не почувствував било каква доза на национализам и омраза поради што се случувало во деведесетите. Едно тука сме едни на други да си олесниме-вели Тамара.

Прв пат кога ја видела групата техничари на вечерата за добредојде, се почувствала како дома.

-Организираме вечери, излегувања, излети и дружења, па така го надоместуваме она што ни фали-раскажа таа.

Додава дека во болницата освен управата на болницата има странци меѓу кои Руси, Унгарци, Бугари, луѓе од сите страни.

Мотивите на доаѓање, вели се различни за секој, но суштински парите се во прашање.

-Во мојот случај тоа беше и усовршување и можност за специјализација до која овде многу е полесно и побрзо да се дојде. Работите се прилично јасни: ако работиш, се трудиш, добар си во тоа, покажуваш желба да учиш, не мора да се грижиш за останатите фактори, бидејќи овде ги нема-раскажува Тамара.

Сепак, доаѓањето во Германија е вистински бирократски пекол, кажува таа.

-Воопшто не беше онака како што сите воглавно слушаме: „само најде работа и замина“. Тоа за не ЕУ земјите е целосно невозможно. Целиот процес на доаѓање овде е доготраен, поминувањето низ бирократски пекол и принцип „само уште еден формулар“, а се разликува за лекарите и техничарите.

Колегите на Тамара од болницата дошле преку една агенција за посредување, а таа пред барањето работа поминала во Германија околу година дена, учејќи го јазикот и на крај полагала испит.

-Сепак, морав неколку месеци да чека на разни термини и дозволи. Така да , кој рече да дојде мора да има и големо трпение.

Од друга страна, болниците се подготвени да чекаат луѓе од нашите простори, бидејќи се исклучително внимателни и посветени.







Извор/Фото: курир.рс