Испратен лажен извештај до УНЕСКО: Го нема дивиот хотел кај Лагадин
Објавено во: Македонија 24 Март, 2023
Хотелот-дивоградба на плажата во Лагадин не е споменат во извештајот за состојбата на природното и културно наследство на Охридскиот регион кој Министерството за култура го достави до УНЕСКО,.
Претходно, една од препораките на УНЕСКО беше дека Макеоднија треба да се справи со недовршениот хотел на охридското крајбрежје.
Од Министерството за култура за пропустот велат дека надлежните институции не им доставиле податоци за тековните активности околу хотелот во Лагадин.
„Во периодот на доставување на Извештајот немаше официјални податоци за активности околу хотелот во Лагадин, ниту надлежните институции го нотираа во своите дописи за напредокот во спроведување на препораките“, гласи одговорот за „А1он“ од министерството за култура.
Постапката за уривањето на хотелот трае веќе шест години, а во меѓувреме дојде до префрлање на одговорноста помеѓу министрите Благој Бочварски и Бисера Костадиновска-Стојчевска од една страна со охридскиот градоначалник Кирил Пецаков од друга страна.