18 Мај, 2024
0.0310

Истече рокот на УНЕСКО за Охрид

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Рокот на УНЕСКО за спроведување на 19-те препораки за заштита на Охридскиот регион денеска заврши заедно со инспекцискиот надзор кој беше спроведен изминатите денови. Извештајот е веќе испратен во централата во Париз, а во него е истакната посветеноста на надлежните и билатералната соработка со Албанија.

„Превземени се мерки со инфраструктурните проекти, националниот парк Галичица, санација на најклучните точки на колекторскиотс систем до мај и нема излевање на Охридското езеро“, рече Едмонд Адеми, претседател на националната комисија за УНЕСКО.

Охрид СОС на ова реагоираше дека Владата само привидно работи на терен и побара градот да остане на листата на загрозено светско наследство. Делегацијата на УНЕСКО која беше во посета на Охрид деновиве ќе поднесе извештај кој ќе биде разгледан на 34 сесија на Комитетот за светско наследство во јуни во Кина.

Тричлена комисија на УНЕСКО престојуваше во работна посета на Македонија и на Охрид, со цел да направат увид во спроведените активности на терен и да дадат оценка колку се почитуваат нивните препораки за обемот на градежните зафати и нивното влијание врз животната средина и културното наследство.

Имаа средба со раководството на НУ „Национален парк – Галичица“, каде се запознаа со активностите на установата, пред се развојните планови што ги предвидува Владата за изградба на поголемите инфраструктурни проекти, како магистралниот пат „А3“ Охрид – Свети Наум, ски-центарот на Галичица и туристичко-развојните зони „Љубаништа“, „Отешево“ и „Стење“.

Експертите на УНЕСКО во рамки на посетата на Охрид имаат средби и со раководството на „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид“, со посета на Античкиот театар, Плаошник, Света Богодорица Перивлепта, Галеријата на икони, Света Софија и објекти на кои се преземени конзерваторски активности. Според работната агенда, тие имаа средба и со градоначалникот на Охрид и со претставници на невладините организации чии активности се насочени кон заштита на природното богатство и културното наследство.


Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?