Истекува рокот за задолжителен карантин при патување од Македонија и Грција во Албанија
Објавено во: Балкан 03 Мај, 2021
Денеска истекува двонеделниот карантин за граѓаните што влегуваат во Албанија од Северна Македонија и Грција, а кој е предвидено да трае до 3 мај.
Техничкиот комитет на експерти на Албанија ја донесе новата мерка за спречување на ширењето на коронавирус (Ковид-19), која вклучува карантин за лица кои влегуваат во Албанија од двете соседни земји.
Албанија ја воведе оваа мерка под објаснување дека кај нив се забележува конзистентност на бројките, додека кај Македонија и Грција, бројот на заболени се зголемуваше.