30 Април, 2024
0.0273

ИСТОКОТ БЕЗ СЕЗОНЦИ: Каква замена бараат за човечката работна рака?

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Сопствениците на овоштарници со вишни во Берово очекуваат дека ќе се увезе машина „тресач“ со која ќе можат да го соберат родот, затоа што сезонски работници тешко се наоѓаат.

Бербата треба да почне на 1 јули и ќе заврши до 12 јули. Овоштарите во Малешевијата велат дека сезонски работници тешко ќе најдат затоа што регионот е иселен, а младите кои живеат во овој дел на Македонија не сакаат да се занимаваат со ваква работа. Дневниците се движат од 700 до 1200 денари со појадок за 8 часа ангажман, но младите ги одбиваат ваквите понуди за работа.

„Во Малешевијата се останати луѓе во средни години,  50, 60 години. Младите избегаа,  многу од нив се иселени во Италија.  Со рачна работна сила ќе биде тешко. Оние кои се тука не сакаат да работат за тие пари. Да се работи на терен со луѓе со различни карактери е многу тешко.  Се случувало да не биде собран родот како што треба. Јас сум од повозрасната генерација и можам да кажам дека младите и не сакаат да работат.  Или со машина ќе ги обереме вишните или ако нема во Берово, ќе бараме работници како пред две години од Кочани, Штип, ќе се снаоѓаме“ – вели беровчанка.

И во соседна Виница потврдуваат дека мигранција во странство има. Бербата на овошје за помладите генерации не е предизвик. 

„Виница е еден од ретките градови каде  што ако имаш желба за работа нема да останеш невработен. Ама не сакаат младите да работат оти се малку платени. Многу голем дел се исели во странство или работат сезонски во странство бидејќи е подобро платено“ – вели Николина Атанасова, жител на Виница. 

По вишната, ќе следи и бербата на аронијата.  И за оваа овошка се потребни работници, за да се собере од нивите. Билјана Стојчевска од Скопје која има аронија на површина од 3 декари во селото Радибуш, во општина Ранковце вели дека оваа година можно е поради побогат род да бара работници за берба на аронија.

„Досега сами си ја беревме фамилијарно, за викенди. Сега ако сѐ биде добро, ако се сочува родот до берба, ќе има поголем род и можеби ќе ни требаат работници. Во секој случај ако барам луѓе, ќе барам работници кои живеат во селото, затоа што ако се носат луѓе од друго место тоа значи и повеќе трошоци“ – објаснува Стојчевска.

Одливот на младите луѓе надвор од државата има погубни резултати на терен и си го зема својот данок. 

Лани во источниот регион се произведени 2 584 тони вишни, покажуваат податоците објавени во публикацијата Регионите во Македонија на Државниот завод за статистика. 

Ако во јуни 2015 година регионот имал вкупно население од 177 145 лица, една година подоцна имал 176 568 луѓе. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип