20 Декември, 2025
0.0946

ИСТОРИСКИ МИНИМУМ: Шведска ја намали каматната стапка!

Објавено во: Економија 11 Февруари, 2016 13:38

Добивај вести на Viber

Централната банка на Шведска (Riksbanka) ја намали референтната каматна стапка за 15 базни поени, на нов историски минимум од минус 0,5 одсто.

Како причина е наведен бавниот раст на стапката на инфлација во нејзината монетарна политика.

„Економијата продолжи да се опоравува, но очекуваме дека инфлацијата во оваа година ќе биде пониска од претходното проектирање. Поради тоа периодот на ниската стапка на инфлација ќе биде подолг, што го зголемува ризокот од слабеење на довербата во целната инфлација“, се наведува во соопштението на банката, пренесува Франс прес.

Во февруари 2015 година, банката „воведе“ РЕПО каматна стапка во негативна територија, со цел да го поттикне кредитирањето после тригодишниот период на стагнација на цените, и покрај силниот раст на економијата.

Иако сопствената монетарна политика, банката ја базира на целната инфлација од 2,0 одсто, таа очекува дека цените ќе пораснат за само 1,3 одсто во оваа година што е значајно под претходните прогнозирани 1,7 одсто.

Другите економски показатели, меѓутоа, остануваат охрабрувачки, бидејќи Шведска за оваа година проектира раст од 3,5 одсто, кој, како се очекува, ќе помогне за соборување на стапката на невработеност за 0,6 поени, на 6,8 одсто.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба