06 Декември, 2025
0.0260

Истражување: На што се должи депресијата?

Објавено во: Стил 27 Јуни, 2014 19:37

Добивај вести на Viber

Во моментов, преку 150 милиони луѓе во светот страдаат од депресија. Во најголем процент од случаите, депресијата се должи на лошата исхрана.

Редовната исхрана со храна која е богата со заситени и незаситени масти може да го зголеми ризикот од депресија за речиси 50%. До ваков резултат дошле истражувачите во една студија направена во Шпанија.

Брзата храна и порано се поврзуваше со зголемениот ризик од појава на депресија, но сега е потврдено дека редовното конзумирање на маслиново масло (кое содржи здрави омега-9 масти) е директно поврзано со намалување на ризикот од појава на депресија.

Ова обемно медицинско истражување траело шест години и во него се документирале навиките на исхрана и животниот стил на повеќе од 12 илјади испитаници.

Она што од заклучоците е добро за нас е фактот што жителите на Европа во просек внесуваат само 0,4 проценти од вкупниот број калории преку заситените масти, додека во САД на пример, процентот изнесува 2,5. Овој факт дополнително ги поткрепува наодите од истражувањето бидејќи процентот на луѓе кои страдаат од клиничка депресија во САД е многу поголем отколку во Европа.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: