20 Декември, 2025
0.1881

Истражување: 110 од вкупно 120 пратеници користат Фејсбук

Објавено во: Мои пари 31 Март, 2017 09:58

Добивај вести на Viber

110 од вкупно 120 пратеници во Собранието на Република Македонија користат Facebook покажа најново истражување спроведено во период 22-29.03.2017 година.

Споредено со 2009 година кога за прв пат е правено слично истражување, процентот на пратеници кои го користат социјалниот медиум Фејсбук се зголемил за 60%, односно пораснал од 35 на 110 пратеници.

Повеќе од 60 пратеници секојдневно или неколку пати неделно објавуваат содржини на својот Фејсбук профил или страна, а останатите тоа го прават повремено или, пак, само за време на предизборни кампањи. Само 12 пратеници имаат верификувани страни, со што и Фејсбук потврдува дека таа страна е на автентична личност.

Забележливо е дека актуелните/поранешните кандидати или носители на високи јавни функции почесто користат официјални Фејсбук страни или комбинирано користење на Фејсбук профил и страна.

„Очигледно е дека пратениците ја препознаа потребата од нивно присуство на социјалните медиуми. Сега е важно да се фокусираат на квалитетот на присуството, односно нивна директна комуникација со граѓаните и вклучување на граѓаните во процесот на носењето на одлуки од страна на законодавната власт“,вели Бојан Кордалов, специјалист за нови медиуми, кој е и автор на ова истражување.

Како дел од препораките до законодавната власт и пратениците во истражувањето се предлага Собранието на Република Македонија на својата веб страна, во делот наменет за секој пратеник да додаде контакт од нивниот Фејсбук профил/страна, но и други социјални медиуми. На овој начин, смета Кордалов, граѓаните ќе можат директно да се обратат до секој пратеник, дадат иницијатива, предложат одреден правен акт, постават прашање на кое ќе добијат одговор и ќе воспостават двонасочна комуникација.

Понатаму, се препорачува пратениците јасно да ги означат своите официјални профили, страни и канали на социјалните медиуми, а секој пратеник да има свој посебен тим кој ќе се грижи за ажурирањето на содржините на социјалните медиуми, вклучувањето на граѓаните преку социјалните медиуми во работата на Собранието на Република Македонија, како и водењето грижа за брзо и квалитетно одговарање на поставените прашања, коментари и сугестии.

„Динамиката на објави е потребно да биде секојдневна, а пратениците заедно со своите тимови мора да се грижат за објавување на поголем процент оригинални објави кои, наместо само споделување на линкови од текстови, статии и видеа од своите јавни настапи или едноставно споделување на партиските содржини кои се веќе објавени на партиската Фејсбук страна“, препорачува Кордалов.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии