30 Април, 2024
0.0331

Италија одбива да плаќа придонеси во ЕУ поради мигрантите

Објавено во: Свет 26 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Италија нема да плати годишна рата во буџетот на Европската унија, доколку земјите членки продолжуваат да го саботира земањето на мигранти. Ова предупредување го упати премиерот Матео Ренци во интервју за националната телевизија RAI.

Ренци го осуди недостатокот на солидарност од земјите членки на ЕУ во врска со миграционата криза. Земји како Унгарија и Словенија го читаат моралот на останатите членки по прашањето за миграцијата, не помагаат, а пречат, а на крај дури сакаат од вкупните пари.

„Наместо да ги отвораат устите, тие треба да ги отворат своите паричници“, категоричен е италијанскиот премиер.

Според зборовите на Ренци целата ситуација е неприфатлива под услов неговата земја дава 20 милијарди евра годишно во буџетот на ЕУ, а добива назад 12.

Тој ги отфрли критиките на Брисел за однапред поставените цели за дефицитот и долгот. Италија има потреба од дополнителни буџетски трошоци за околу 4 милијарди евра, со чија помош да се справат со огромниот миграционен бран.

За десетте месеци од 2016 година на Апенините по море дошле над 150 илјади мигранти што е речиси колку пристигнатите за целата 2015 година. До крајот на годината нивниот број најверојатно ќе се доближи до рекордни 170 илјади регистрирани во 2014 година.

Според Ренци во 2017 година неговата земја не може да продолжи да прима ист број мигранти како во последните 3 години. Тој беше категоричен дека миграцискиот проток треба да биде ограничен до март, без да специфицира што ќе преземе неговата земја, ако тоа не се случи.

Само за земање на мигранти минатата година Италија потрошила 1 милијарда евра, а оваа година износот може да достигне 1,5 милијарди.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург