Итно рушење на 3. 200 објекти
Објавено во: Балкан 08 Август, 2018
Грчкиот премиер Алексис Ципрас соопшти дека по итна постапка ќе бидат срушени илјадници објекти.
Оваа изјава следи по трагедијата со пожарите, кога голем дел од жртвите не можеа да излезат на море, поради илегално изградените објекти, кои им го блокирале патот.
Рушењето ќе започне во областа Атика, а ќе биде вклучено и подрачјето на Атина. Ципрас најави дека акцијата ќе продолжи и во други делови од земјата.
Во пожарите кои започнаа на 23-ти јули загинаа 91 лице, а грчкот премиер најави детална истрага за националната трагедија, која и се случи на оваа земја.