Иванов бега од Хан во Молдавија
Објавено во: Македонија 17 Јули, 2018
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Молдавија, додека истовремено еврокомесарот за проширување Јоханмес Хан е во Скопје за почлетокот на скрининг-процесот за интегрирање кон ЕУ.
Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, во Кишињев со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од претседателот на Република Молдавија, Игор Додон.
Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок.
Во рамки на официјалната посета, македонскиот претседател ќе оствари средба со молдавскиот премиер Павел Филип и со претседателот на Парламентот на Република Молдавија, Андриан Канду.