27 Април, 2024
0.0347

Иванов: Безбедноста на сите притворени и затворени лица мора да биде загарантирана

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Oд Кабинетот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов најостро го осудуваат физичкото насилство што се случи во текот на вчерашниот ден во КПУ Затвор Скопје – Скопје.

Велат дека безбедноста на сите притворени и затворени лица мора да биде загарантирана од затворската управа, за ваквите и слични случаи, не може и не смее да има никакво оправдување. 

„Во казнено поправните установи во Република Македонија  мора  да  се  заштити  психофизичкиот  и  моралниот интегритет на лицата, да се почитува нивната личност и достоинство, како и нивното право на лична сигурност“, стои во соопштението од кабинетот на Иванов.

Оттаму посочуваат дека согласно чл.10 од Уставот „Животот на човекот е неприкосновен“, а согласно чл.11 „Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени и се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување“.

Согласно Законот на кривична постапка, чл.176 ст.1, „При издржување на притворот не смее да се навредува личноста и достоинството на обвинетиот“.

„Во изминатиов период до Комисијата за помилување како и до Одделението за постапување по претставки и предлози во Кабинетот на претседателот на Република Македонија, беа доставени писма од граѓани кои изразуваа загриженост за безбедноста во затворите во Република Македонија. Затоа, очекуваме што побрзо расчистување на овој, како и на сите досегашни случаи, познати или непознати за јавноста. Бараме одговорност од сите надлежни институции“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Поранешниот министер Миле Јанакиески е пуштен во домашен притвор, а екс министерот  Спиро Ристовски останува во притвор во Шутка.

Нив вчера ги нападнале лицата кои беа дел од терористичката група која упадна во Диво насеље. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“