27 Април, 2024
0.0281

Иванов го честита празникот и бара сплотеност

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Шефот на државата, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба,  упати честитка до граѓаните во која вели дека само сплотени ќе успееме да истраеме на нашиот пат за просперитетна, посреќна и побогата држава. 

„Денеска, на 23 Октомври го прославуваме денот кога во далечната 1893 година шестмина Македонци сплотени ја создадоа првата семакедонска организација која ги даде основните насоки за создавање слободна, независна и суверена македонска држава. Нивната мисија го обедини народот на Македонија, независно од етничката, верската или јазичната припадност во заедничката борба за слобода, државност и независност. Годините кои следеа носеа жртви и искушенија. Имавме многу изгубени битки и погубени воини. Но, борбата за слобода не запре. Патот до слободата што го започнаа шестемина родољуби, го продолжија нашите комити и партизани, нашите илинденци и борци во Народноослободителната и антифашистичка борба. Пред 25 години, на 8 Септември 1991-та, на нашиот трет Илинден конечно се оствари вековниот стремеж за слободна, самостојна и независна Република Македонија како демократска држава во која сите се рамноправни и еднакви. Славејќи го денот на шестемина основоположници на идејата за слободна, суверена и демократска Македонија, ние се потсетуваме на суштината на овој светол празник. А тоа е дека само кога сме сплотени – победуваме, а кога сме поделени – назадуваме“ - вели Иванов. 

Смета дека Македонија е поделена повеќе од кога и да било порано во изминатиот четврт век. Иванов вели дека внатрешните поделби се одразуваат на државните интереси, на европската иднина на Македонија.

Бара да изградиме култура на дијалог и компромис, но и чувство за единство околу државните интереси.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“