Добивај вести на Viber
Млади луѓе кои знаат да водат и предводат и во сегашноста и во иднината потребни. Вака покровителот, претседателот Горѓе Иванов ја отвори Школата за млади лидери Охрид која се организира по четврти пат со цел а им овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе да ги надградуваат своите вештини, креативност и своите способности.
„Тоа е капиталот на Македонија. Вие сте тие кои еден ден ќе бидете на овие позиции. Вие сте тие кои еден ден ќе направите Македонија да биде горда со вас. А оваа инвестиција во Вас ќе биде инвестиција и на тие што доаѓаат после Вас“, истакна Иванов пред учесниците.40-тина учесници и 30 предавачи, меѓу кои и поранешниот чешки претседател, Вацлав Клаус и претседателот на Светската Академија на науки и уметности Иво Шлаус годинава се дел од Школата.
За поранешниот претседател Клаус, идејата на претседателот Иванов за организирање школа за лидери е добра и креативна.
„Сметам дека младите луѓе мора да имаат можност да се среќаваат да разговараат и да слушаат други кои веќе имаат стекнато одредено искуство во различни сфери од животот и нивната кариера“, рече Клаус.
„Прашањето за лидерите е на многу начини интригантно, но ние мора да гледаме напред, да сме свесни за она што се случува зад нас и треба да одлучиме по кој пат ќе одиме“, истакна Шлаус.На Школата за млади лидери во Охрид во изминативе три години учествувале 115 млади луѓе и 70 предавачи, меѓу кои амбасадори, функционери од ЕУ, меѓународни институти и професори од светски реномирани универзитети. Школата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование на возраст меѓу 23 и 35 години. Програмата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.