Иванов се попишмани: Ќе има време за средба со Хојт Ји кој доаѓа утре
Објавено во: Македонија 29 Април, 2017
САД со нова дипломатска офанзива ќе го заврши месецот во Македонија.
Утре во земјава пристигнува заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот Хојт Ји.
Иако првично шефот на државата Иванов, се огласи дека е презафатен, сепак најде време и ќе има средба со дипломатот.
На агенда за средба утре е и новоизбраниот собраниски претседател Талат Џафери.
Хојт Ји ќе има средба со партиите од парламентарното мнозинство СДСМ, ДУИ, БЕСА, Алијансата за Албанците како и со ВМРО ДПМНЕ.
Американскиот претставник доаѓа во дводневна посета, при што ќе има средби и утре и во понеделник.
Шефовите на претставништвата на ЕУ, ОБСЕ, НАТО и амбасадата на САД во Македонија издадоа заедничко соопштение во кое се вели дека ја разгледале безбедносната ситуација во земјата и најстрого го осудуваат организираниот напад кој се случи вчера во Собранието па оттука следи дека најверојатно тема на средбите ќе биде политичката ситуација во земјава и притисок врз ВМРО ДПМНЕ да не го блокира собранието и работата на новото мнозинство.