ИВАНОВСКА: ДКСК отвори предмет за софтверот на Рашковски, сметаме дека има доволно елементи за случајот да се истражи
Објавено во: Македонија 10 Март, 2021
Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, потврди дека таа институција веќе отворила предмет за набавка на софтверот од страна на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
„По изнесените информации, на нашиот денешен Колегиум отворивме предмет, сметаме дека има доволно елементи за истражување на причините за набавка на тој софтвер и зошто тој уште не е во функција. Значи, по допрен глас од медиуми отворивме предмет“, нагласи Ивановска.
Таа рече дека предметот ќе биде распореден кај некој од членовите на ДКСК.
„Ќе биде распореден кај наш член и тој ќе си ги бара сите информации. Кога ќе биде готово за наодот ќе ја известиме јавноста“, рече Ивановска.
Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, рече дека Владата за овој случај соопштила детали.„Владата соопшти детали, дадена е насока од премиерот се да истражи, се ќе биде соопштено денеска од Владата и од Генералниот секретаријат. Ќе дадеме соопштение за овој случај. Немам намера да коментирам после премиерот. Јавноста ќе ги дознае сите детали денеска“, рече Николовски.
Инаку, тие денеска беа на увид на новите простории на ДКСК.
„Дојде и овој час да стекнеме сопствен простор, да ставиме штикла на еден од најголемите проблеми.
Добро е што се најде решение, сега имаме простори, за да можеме и да ја реализираме помошта од меѓународната заедница, за софтверот кој таа ни го обезбеди. Сега останува уште да се прилагоди овој простор на нашите потреби, ќе одземе некое време, но ќе се заврши. Другите предизвици за ДКСК е обезбедување софтвер за електронско поврзување на комисијата со другите институции, Владата донесе одлука, ние распишавме тендер и се надевам дека до крај на годинава апликативното решение ќе биде применливо“, рече Ивановска.
Вели дека веќе се направени одредени унапредувања во таа институција.
„Ги унапредивме постојните кадри и се отвора простор за нови вранптувања, ќе распишеме копнкурс и очекувам да се пријават соодветни лица“, рече Ивановска.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.