19 Мај, 2024
0.0496

ИЗБОР НА ГУВЕРНЕР: Дали политичките пазарења ќе ја “обезглават“ НБМ ?

Објавено во: Економија 09 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот Ѓорѓе Иванов не отстапува од предлогот Димитар Богов да биде гувернер на Народната банка, со нов седумгодишен мандат, ДУИ бара законски измени со кои ќе се промени моделот на предложување на кандидати за гувернер, со јасен став дека нема да го поддржат сегашниот предлогот на Иванов, мнозинството во Собранието не го прифаќа предлогот за Богов, а Вмро Дпмне со јасна порака дека ќе  го поддржи актуелниот прв човек на Народната банка.

Мнозинството не го поддржува Богов, роковите за избор течат!

Доколку Народната банка остане без гувернер, тоа ќе биде преседан кој може да биде увертира во нова кризна епизода која може да има последици и врз економијата, коментираат дел од економистите во предворје на датумот кога истекува мандатот на сегашниот и треба да се изгласа гувернер со нов мандат.

“Актуелниот гувернер ја водеше НБМ седум години, како кадровско решение од квалитативен аспект нема посериозни забелешки, неговата работа е строго дефинира со законите, но сепак од аспект на долготрајноста на мандатот, односно два мандати последователно, или вкупно 14 години на чело на една институција е преголема концентрација и сметам дека би требало да има промена.  Ако се сака, може да се понудат и други квалитетни решенија за оваа позиција, важно е НБМ да добие нов гувернер во законскиот рок“ – коментираат за “Фактор“ дел од економистите.

Состојбата со избор на нов гувернер се проблематизираше откако претседателот Иванов соопшти дека негов предлог за гувернер е Димитар Богов, а мнозинството во парламентот пак испрати порака дека овој предлог нема да биде поддржан во Собранието.

По понеделничката средба меѓу претседателот Иванов и премиерот Заев, не е исклучена уште една, координативна, посветена на прашањето за предлог на нов гувернер. Во исто време во Собранието се закажа, па се откажа координацијата со пратеничките групи токму за ова прашање, со оглед на тоа што стана јасно оти предлогот на претседателот Иванов тешко дека ќе ја добие потребната поддршка во парламентот

Премиерот Зоран Заев изјави дека лично, го почитува сегашниот гувернер, но и дека има забелешки за неговата работа кои му биле соопштени на претседателот Иванов.

“Се трудам да изнајдеме решение. Сегашниот гувернер сериозно го почитувам и јас, и огромен дел од парламентарното мнозинство. Но, тие имаат забелешки, коишто ги истакнаа пред мене и јас ги пренесов кај претседателот Иванов. Не зборувам за деталите. Богов, кој 7 години беше гувернер и 4 години вицегувернер, има многу квалитети и капацитети и понатаму да ѝ служи на Македонија“ – изјави премиерот  Заев по средбата со претседателот Иванов.

Во изминатиот период, како можен иден гувернер, во јавноста се лиферуваше името на Фатмир Бесими, актуелен советник во премиерскиот кабинет, поранешен висок функционер на ДУИ, како и еден од поранешните вицегувернери.во НБМ. Тој недамна, на оваа тема, за “Фактор“ изјави:

“Изборот на гувернер е јасно дефинирана постапка и процес, во овој момент се воздржувам од коментар“.

Во бизнис-банкарските кругови се споменуваа  и имињата на двајца банкари и на универзитетскиот професор Ванчо Узунов.

Еден од поранешните гувернери Љубе Трпески за “Фактор“ изјави  дека претстојниот избор на гувернер ќе ја тестира “усогласеноста“ на релација претседател на држава – премиер, на тест ќе ја стави кохабитацијата.

“За изборот на нов гувернер ќе биде потребна голема усогласеност меѓу претседателот на државата, кој дава предлог за избор на гувернер и премиерот на државата, чие мнозинство треба да го изгласа, односно подржи предлогот во Собранието. Нелогично би било да се предложи решение кое нема да биде поддржано, па оттука ќе биде впечатливо да се види исходот од изборот на нов гувернер. Според мене, процесот на избор се ближи и веќе треба да се знае кој ќе биде номиниран“ – вели екс гувернерот Трпески.

Засега е јасно дека претседателот Иванов нема да отстапи од својот предлог.

“По сите тие консултации што ги одржав, а имајќи ги предвид досегашните успешни резултати во работењето на Народната банка сметам дека Богов е најквалитетна, најпрофесионална и најсоодветна личност за извршување на оваа функција и затоа го предложив за втор мандат на функцијата гувернер“, беше наведено во  сооштението од кабинетот на Иванов.

Мандатот на гувернерот Димитар Богов истекува на 20 ти мај. 

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?