Избор на најдобар угостителски објект
Објавено во: Мои пари 30 Септември, 2013
И оваа година во организација на Град Скопје ќе се избира „Најдобар угостителски објект“, помеѓу 100 угостителски објекти од кои 50 ресторани и 50 гостилници.
Со вкупно 300 посети ќе се оценуваат осум критериуми: прв контакт со вработените, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храната и завршен контакт со вработените.
Резултатите од истражувањето ќе бидат јавно презентирани пред угостителите во форма на заклучоци и препораки.
Врз основа на резултатите од истражувањето, ќе се изберат три најдобри ресторани и три најдобри гостилници кои постигнале највисок вкупен резултат на испитаните елементи на услугата. На најдобрите ќе им биде доделена плакета од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
За реализација на проектот, кој се спроведува шеста година по ред, Градот ќе ангажира професионална агенција со експертско знаење и искуство во анализата на квалитетот на услугата.