19 Мај, 2024
0.0301

„Издишува“ доминација на доларот, светот се ориентира кон нетрадиционални валути

Објавено во: Финансии 06 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Оди ли светот кон невообичаена промена. Дали земјите се откажуваат од „традиционалниот“ долар и се ориентираат кон плаќање и кон „чување“ на девизини резерви од други валути. Колку случувањата во Украина придонесуваат за забрзана промена и преориентирање кон нови валути?

Анализа издадена на почетокот на месецов од Серкан Арсланалп, Бери Ајхенгрин и Чима Симпсон-Бел, аналитичари на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) вели дека иако американскиот долар долго време играше огромна улога на глобалните пазари, има промени, кои упатуваат кон зголемено ориентирање кон нови валути наместо кон традиционалниот „долар“.

-  Американскиот долар игра огромна улога на глобалните пазари, иако американската економија произведува се помал дел од глобалното производство во последните две децении. Но, иако присуството на оваа валутата во глобалната трговија, меѓународната задолженост, или пак кај небанкарското задолжување сè уште е доста висока и го надминува американскиот удел во трговијата, издавањето обврзници и меѓународното задолжување и заеми, сепак централните банки веќе не ја поседуваат зелената банкнота во своите резерви до степен до кој некогаш тоа се практикуваше. Уделот на доларот во глобалните девизни резерви падна под 59 отсто во последниот квартал од минатата година, продолжувајќи го падот карактеристичен за последните две децении – се истакнува во анализата.

Како пример за промена во составот на девизните резерви, ја издвојуваат Банката на Израел, која неодамна ја претстави новата стратегија за своите резерви од над 200 милијарди долари. Од оваа година, тие ќе го намалат уделот на американските долари и ќе ги зголемат алокациите на австралиски и канадскиот долар, но и на кинескиот ренминби и јапонскиот јен.

Дека светот оди кон промени, и кон нови начини на функционирање сметаат и домашните економисти, кои велат Македонија е многу мала да има уддел во ваквите промени, но дека промените се се повидливи.

-  Веќе очигледно имаме пресвртница во светот, и тоа не само економска, туку и политичка. Никој не веруваше дека ќе се случи војна во Европа, никој не очекуваше ваков развој на настаните, особено што се уште се свежи сеќавањата од Втората Светска војна, и трагедиите кои ја проследија. Светот не беше свесен дека ќе дојде до ова. Но, денеска е јасно, дека светот оди кон промени кои не сме ни свесни какви точно ќе бидат, ниту пак, што може точно да се очекува. Светот се повеќе оди кон нови начини на плаќање, на меѓусебно подмирување на обврските, но и нови начини на меѓусебна комуникација – вели поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини.

Во анализата на ММФ се наведува дека согласно податоците со кои располагаат, намалувањето на удделот на американскиот долар не се совпаѓа со зголемувањето на акциите на другите традиционални резервни валути, како што се еврото, јенот и фунтата. Напротив тие забележале зголемен удел на резерви чувани во ренминби, што претставува само една четвртина од оддалечувањето од доларите во последниве години, и додаваат дека тоа делумно се должи на затворената капитална сметка на Кина. Тие исто така укажуваат дека од крајот на минатата година, Русија поседува речиси една третина од светските резерви на ренминби.

-  Покрај зголеменото купување ренминби, валутите на помалите економии кои традиционално не заземаат видно место во резервните портфолија, како што се австралиските и канадските долари, шведската круна и јужнокорејската вона, претставуваат три четвртини од промената во однос на доларите. Два фактори можат да помогнат да се објасни движењето во овој сет на валути. Овие валути комбинираат повисоки приноси со релативно помала нестабилност. Ова сè повеќе ги привлекува менаџерите на резерви на централните банки, бидејќи девизните резерви растат, зголемувајќи ги влоговите за распределба на портфолиото. Новите финансиски технологии го прават поевтино и полесно тргувањето со валутите на помалите економии. Во некои случаи, издавачите на овие валути имаат и билатерални линии за размена со Федералните резерви. Ова, создава доверба дека нивните валути ќе ја задржат својата вредност во однос на доларот – се појаснува во анализата.

Сепак, од ММФ предупредуваат дека нетрадиционалните валути имаат тенденција да лебдат, во пракса, тие флуктуираат во однос на доларот. Дополнуваат дека меѓу причините за користење нетрадиционални резервни валути е економскиа тежина и финансиска длабочина на земјата издавач, како и транспарентни и предвидливи политики. Се потенцира дека стабилноста на економијата и политичките одлуки се важни за меѓународно прифаќање на валутите, а се фаворизират валутите на земјји познати по добро владеење, економска стабилност и здрави финансии, се истакнува во анализата на претставниците на ММФ.  П. О. 

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат