Добивај вести на Viber
Изгоре црквата „Света Петка“ во битолското село Долно Егри. Во селото кое нема ниту еден жител, прво биле запалени стрништа, по што огнот ја зафатил локалната црква.
Иако пожарот избил во средата, од Министерството за внатрешни работи пожарот посочуваат дека вечера е пријавено во полиција.
Оттаму забележуваат дека поради фактотт што селото е напуштено, огнот не бил забележан навреме што било причина целосно да изгри црквата.
Според надлежните, најблиските жители во овој битолски реон живат на повеќе од два километри од Долно Егри.