Добивај вести на Viber
Навреме ќе биде завршена автопатската делница Демир Капија- Смоквица на Коридорот 10, најави денеска премиерот Никола Груевски по обиколката на 28 километарската делница, чија вредност изнесува околу 210 милиони евра.
- Тунелот е пробиен и сега се доработува во него. Пробиена е и голем дел од трасата. Се работи со силно темпо и засега нема некои посебни проблеми. Финансиската конструкција е заокружена и не очекуваме проблеми. Задоволни сме од темпото на изградба оти е најважно да не се доцни, за да не се изгубат дел од средствата. Импресиониран сум од градбата на трасата - изјави Груевски.
Тој додаде дека околу 420 возила се вклучени во работите, се работи според утврдената динамика и се очекува работите да завршат како што е предвидено во 2016 година.
Директроот на Јавното претпријатие за државни патишта на Македонија Љупчо Георгиевски, кој го придружуваше премиерот во Миравци, изјави дека реконструкција на автопатот Велес-Скопје по завршувањето на сите формалности се очекува да започне наредната година, а на делницата Велес-Кадрифово во наредните две три седмици.