20 Април, 2024
0.0323

Изгубени битки на македонските земјоделци

Објавено во: Колумни 27 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

        

 Во последните години се чини дека македонските земјоделци се повеќе ги губат битките со : природата, со климатските промени, со непредвидливите однесувања на земји купувачи на нивните производи, со домашни купувачи чија уцена заедно со договорниот монопол потпомагани од државни органи го потценуваат нивниот труд. Тоа им одговара поради неорганизираноста на земјоделците и нивната неупатеност во игрите на “слободниот пазар”. Треба ли да се анализираат причините и по толку години на можноста за самоорганизирање на земјоделците за заедничко настапување на пазари и избегнување на поединечно уценување од страна на некоректните откупувачи кои ги следат своите интереси.   . Здружување нема. Аграрната политика не може да им донесе ништо подобро. Ниските цени и вашите загуби не завршуваат тука. Со највисок  акт: “Закон за земјоделство и рурален развој“ вие можете во нормален рок да наплатите само 20% од продаденото производство, додека  остатокот  од 80% по 6 месеци. Дали е можна друга неповолна државна мерка од држава која се декларира како земја на “слободен пазар” , да  дискридитира на пазар голем број стопански субјекти? За жал вашата борба за праведна (пазарна) цена не наоѓа поддршка од вистински ваши асоцијации, кои немаат авторитет и можност да ве организираат како сериозни преговарачи со откупувачите па и со владини служби, но и да придонесат да изградите силни и здрави кооперативи (задруги).


  Кога зборуваме за откупните цени за кои скоро секоја година  негодувате, протестирате, но цената ја одредува договорниот монопол, формиран од откупувачите и помогнат од министерот за земјоделство, шумарство и водостопаство во претходната Влада (за жал и актуелниот министер се обидува да го имитира). Во таа консталација откупните цени, на најважните, најбарани и дефицитарни примарни производи имале во последните пет години (2012-2106год.) стагнантни трендови или намалени откупни цени како што се: пченицата-6 денари за кг., пченка -4,01 ден. по кг.,  ориз арпа - 3,37 ден. по кг.,свињи (во откуп) – 7,11 ден. по кг., јагниња -24,12 ден,по кг., кравјо млеко – 1,78 ден.по кг., јаболи за преработка- 2,96 ден.по кг., сончоглед – 10,12 ден.по кг. и др.  (Види: “Непостојаност на откупните цени на примарните земјоделски приозводи” на www.faktor.mk. – 13.08.2018 година.)

  Зачестените временски неповолни случувања, но и се позасилено  негативно влијание на климатските промени се виновни за големите штети, за загуби на производството на нива пред берба (кога се вложени сите трошоци). Нешто се надоместува, односно се обештетуваат земјоделците, но тоа не е полн износ кој би бил остварен кај продажбата на производството. За жал, средствата што ги исплаќа државата како обештетување се  одземаат од предвидените средства во  Програмите за поддршка на земјоделство, од  2015-2017 година, а тоа значи неоправдано намалување на тие средства, односно намалување на средствата на сите земјоделци корисници на средства за  поодршка на земјоделството. Таа неправда мора да се исправи, бидејќи наместо Владата да обезбеди други средства за надомест на штетите, таа користи за таа цел строго наменети средства за поддршка на земјоделците со што ги намалува наменските средства и ги оштетува сите корисници за финансиски средства за поддршка на земјоделството. Оваа пракса започна од 2015 година и досега во самите програми се предвидени 300 милиони денари за надомест на штета за 2015,2016 и 2017 година, а колку се исплатени не е објавено.

   Проф.Д-р. Борис Анакиев

П.С.  Сите како и Христијан Мицковски кои бараат гарантиран откуп и гарантирани откупни цени на пазарот на земјоделските производи од Владата покажуваат апсолутно незнаење за тоа што е пазарана економија и дека таков систем е можен во Северна Кореја.


Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок